• Latest

Ако не се злоупотребува системот, ќе се намалат патните трошоци!

November 15, 2017

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ако не се злоупотребува системот, ќе се намалат патните трошоци!

November 15, 2017 13:25
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Патните трошоци за пратениците никој не ги чепка, за 2018 година тие се двојно поголеми. За патни трошоци се планираат 1,3 милиони евра или двојно повеќе од парите потрошени за оваа година. Собранието догодина ќе потроши 9,3 милиони евра, пишува во предлог буџетот за 2018 година. Во собраниската зграда до крајот на годинава ќе има 437 вработени (34 повеќе од почетокот на годинава). За плати и надоместоци на пратениците и вработените во 2018 година ќе се потрошат 5,1 милион евра.

Професорката Мирјана Најчевска, смета дека законот за патни трошоци е добар, меѓутоа треба само да се применува и да се почитува.

„Ајде ве молам престанете со тоа патните трошоци и барање за промени. Законот си е добар, само треба да се почитува. За сè се приложува сметка (бензин, патарини), се дава патен налог и се покриваат реални трошоци. Не може да се наплати нешто што не е потрошено. Реалните трошоци не смеат да надминат одредена сума (што во законот е дадена како максимум). Сè друго не е употреба, туку злоупотреба на законот или крадење. Пратениците кои крадат одат во затвор како и секој друг во оваа држава. Нема имунитет за крадење, има имунитет само за она што се кажува на собраниската говорница“, напиша Најчевска на својОТ Фејсбук профил.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Томислав Тунтев, на 6 август предложи четири алтернативи за регулирање на патните трошоци на пратениците.

„Најголемиот проблем во сегашниот начин во исплата на патните трошоци е злоупотреба на системот. Имало и има пратеници кои не патуваат секој ден, а кои наплаќаат патни трошоци. Со алатки, механизми и активности кои би го спречиле тоа, драстично ќе се намали сумата на патни трошоци што се исплаќаат на месечно ниво. Втората алтернатива е давање станови за користење, службени, државни станови. Третата алтернатива што ја нудиме е со давање надомест за одвоен живот и за изнајмување стан под кирија. Четвртата алтернатива која ја нудиме е хотелско сместување на тендер“, изјави Тунтев.

Прашањето е – зошто се зголемија патните трошоци ако новата власт нема да го злоупотребува системот? Нели ќе се намалеше сумата за патни трошоци ако се применуваат соодветни алатки и механими?

Според адвокататот Александар Новаковски, најекономично решение во однос на патните трошоци е  државата да изгради апартмани на пратениците.

„Нема да ги бранам пратениците, но мојот предлог е за сите кои патуваат од внатрешноста на државата да им се изгради зграда со апартмани од 30-40 м2. Секој пратеник да се задолжи за мандатот со еден апартман. По завршување на мандатот, апартманот се враќа на државата. Да се формира служба возен парк кои по региони ќе ги превезува пратениците во понеделник наутро, а ќе ги враќа во четврток, петок, сабота и недела во базата која ја избрале, односно дома. Исто така да им се исплаќа надоместок за одвоен живот“, вели Новаковски за ЦИВИЛ Медиа.

Дехран Муратов

Tags: Александар Новаковскиапартманибуџетд-р Мирјана Најчевскапатни трошоциСобраниеТомислав Тунтев
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ