• Latest
Обоената вода со шестовалентен хром и други материи се влива во реката Вардар кај депонијата во Јегуновце; Фото: Мета.мк

Ако не се реши проблемот со депонијата на „Југохром“, шестовалентниот хром може да е закана и за изворот Рашче

March 2, 2022
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се рапспишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CLRCUT

Германија започнува воена реконструкција – нарачува 600 тенкови „леопард“ и 1.000 оклопни транспортери „боксер“

July 7, 2025
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

(ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

July 7, 2025

Нови тајни преговори: Дали Додик ќе се повлече од функцијата шеф на СНСД ако биде ослободен?

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на DawnNews English

Грција спаси стотици мигранти во текот на викендот кај островите Гавдос и Крит

July 7, 2025

Зеленски: За една недела Русите употребија околу 1.270 беспилотни летала, 39 ракети и 1.000 лизгачки бомби против Украина

July 7, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Колку нашата држава е спремна да се справи со пожарите?

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Ако не се реши проблемот со депонијата на „Југохром“, шестовалентниот хром може да е закана и за изворот Рашче

March 2, 2022 16:24
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Обоената вода со шестовалентен хром и други материи се влива во реката Вардар кај депонијата во Јегуновце; Фото: Мета.мк

Обоената вода со шестовалентен хром и други материи се влива во реката Вардар кај депонијата во Јегуновце; Фото: Мета.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Шестовалентниот хром од депонијата на „Југохром“ во Јегуновце и бесконечното одложување на решението за овој проблем може да бидат закана и за изворот Рашче од кој со вода за пиење се снабдува речиси цело Скопје. Мешањето на подземните води, контаминирани со отпадот од депонијата и водите во Жеденскиот масив, со кои се напојува изворот на чиста вода за главниот град, е регистрирано уште пред две децении во истражување на Управата за хидрометеоролошки работи, пишува Мета.мк.

Присуство на шестовалентен хром во водите кои гравитираат кон изворот Рашче е потврдено и во истражувањето „Потекло на водите на изворот Рашче и аспекти на нивната заштита“, на група професори од Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, кое е публикувано во 2019 година преку Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Во трудот, авторите врз основа на испитувањата правени на водите на триесетина локации во селата Копанце, Раотинце, Јегуновце, Дворце, Радуша и Рашче препорачуваат да се истражи и разреши проблемот со погоните контаминирани со Cr 6+ и индустриската депонија на фабриката „Југохром“ и да се намали нивното влијание врз Жеденскиот аквифер, а со тоа и на водите од изворот Рашче, како и да се дефинира транспортот на веќе навлезениот хром низ Жеденскиот масив како потенцијален ризик за квалитетот на водата на изворот Рашче.

Целта на истражувањето е изворот Рашче, а особено неговата заштита бидејќи постојат претходни испитувања кои ја потврдуваат ранливоста на водите од овој значаен извор на питка вода, како и на потребата од перманентна грижа за заштита на испитуваните локални површински и подземни води, ова особено поради фактот што веќе е регистриран продор на подземни води контаминирани со шест валентни хромни јони, од локалитетот на поранешната фабрика „Југохром“ и нејзината индустриската депонија кон Жеден и изворот Рашче.

Министерството за животна средина, кое во моментов е одговорно за работењето на пречистителната станица која ги обработува водите контаминирани со шестовалентен хром од депонијата и од некогашните индустриски погони во „Југохром“, како и за решавање на проблемот со историскиот отпад, информира дека нема нарачано свои испитувања на подземните и надземните води за присуство на шестовалентен хром. Од министерството велат дека за квалитетот на водите, особено во главниот град, се информираат од податоците од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ чија лабораторија редовно врши мерење.

Анализи за присуство на шестовалентен хром во вода, како редовна активност, не прават ниту Институтот за јавно здравје, ниту Центрите за јавно здравје во Скопје и во Тетово. Управата за хидрометеоролошки работи, пак, во 1999 година го изработила истражувањето „Влијание на депонијата од ХЕК Југохром врз квалитетот на површинските и подземните води“, во кое стои дека индустриската депонија претставува потенцијална опасност за загадување на површинските и подземните води во регионот и изворот Рашче, заради што итно треба да се преземат мерки за санација и елиминирање на оваа опасност.

Од тогаш па наваму, оваа институција, само еднаш во 2009 година, на барање на Градот Скопје работела на испитување на влијанијата врз подземните води од кои се напојува Рашче, но во нив не се испитувал шестовалентниот хром. И во рамките на редовните активности, УХМР зема примероци од водите и го испитуваат квалитетот на дваесетина позиции, меѓу кои и од Вардар, но шестовалентниот хром не е еден од параметрите кои се следат.

Единствено лабораторијата на скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ работи на ваков тип анализи. Од таму велат дека нивниот сектор за санитарна контрола има годишен план и програма за работа во рамките на која редовно врши надзор и мониторинг во однос на квалитетот на подземните води во Рашче и неговата околина, а влијанија од шестовалентен хром во близина на изворот нема.

„Досега не е забележан шестовалентен хром на мерните места кои директно влијаат на изворот на водата од Рашче од каде во најголема мера Скопје се снабдува со вода. Забележана е покачена концентрација на шествалентен хром само во една точка- пиезометар во Јегуновце, која нема влијание врз изворот Рашче. Мониторингот врз овој пиезометар се врши многу години наназад и констатирано е дека нема влијание врз изворот Рашче, кој пак се мониторира и контролира со фреквенција од два пати во месецот“, вели Катерина Вељановска- Михаилов, виш соработник за меѓународна соработка и проекти.

Таа посочува дека јавното претпријатие мониторингот го врши преку мрежа од околу 70 пиезометри од полошката и скопската котлина и градот Скопје, распоредени долж целиот Жеденски масив кои ја контролираат втората заштитна зона на изворот Рашче. Примероци се земаат во неколку последователни циклуси и испитувањата се вршат во секое годишно време во текот на целата година во лабораториите на „Водовод и канализација“.

„Напоменуваме дека контролата се прави по научни методи со примена на современа технологија која гарантира релевантност на податоците и од страна на стручни лица. После Виена, Скопје е главен град кој пие најквалитетна вода во Европа, а за овозможување на врвните перформанси на скопската вода освен природниот дар влијае и постојаната грижа и проверките кои се прават“, нагласува Вељановска- Михаилов.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ