Една од опциите е пресудата за „Тенкот“ на СЈО да падне и предметот повторно да се врати на судење.
– Постапките по наведените предмети се во тек пред Врховниот суд на Република Северна Македонија. Судот заради интересот на јавноста ќе објави соопштение за одлуките кои ќе бидат донесени и како и во сите предмети, тајните одлуки ќе бидат јавно објавени. Во овој момент не може да се знае кога ќе се одлучува по овие предмети, бидејќи се води вообичаена постапка според која не е потребно одржување на јавна седница – велат од Врховен.
Кога ќе биде донесена одлука нема рок, но ако Врховен одлучи до крајот на месецот и ако го врати предметот тоа ќе значи дека Јанкулоска нема да замине во затвор.
Токму кога пресудата за „Тенк“ стана правосилна и поранешниот премиер Груевски, доби термин за во затвор, тој избега во Будимпешта и побара политички азил. Пресудата и да падне пред Врховен, Груевски не може да се врати во земјава како слободен бидејќи за него е определен притвор во пет други предмети каде тој е обвинет или осомничен.
А. Мехмети