• Latest

Ако веруваме дека Бог е Љубов

January 5, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ако веруваме дека Бог е Љубов

January 5, 2018 18:08
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Божик е празник за сите луѓе. На овој ден се прославува раѓањето на Господа Исуса Христа. Истиот е востановен малку подоцна од останатите големи христијански празници, пред сѐ затоа што во првобитната христијанска црква, денот на раѓањето бил помалку важен од денот на духовното раѓање, т.е. крштевањето.

Пишува: Душко Груевски

Интересно е што точниот датум или ден на Христовот раѓање никаде не е забележан, па од тука тој е непознат за нас луѓето. Празнувањето на овој празник на 25 декември по стариот јулијански календар е заради дотогашното славење на богот на сонцето од страна на многубошците, токму на 25 декември. Сакајќи да го отфрлат празнувањето на многубожечкиот бог на сонцето, востановиле токму на овој ден да се празнува раѓањето на Господа Исуса Христа, како Бог кој за нас христијаните е “сонце на правдата” или “изворот на животот, односно сонцето”.

Случувањата кои претходат на овој празник се забележани во Светото Писмо на Новиот Завет, подробно во Евангелието според Матеја, каде што е детално опишано како и зошто родителите на Христа стигнале до Витлеем, (заради тогашниот попис на населението). Зошто се родил во пештера, а не во некаков дом или преноќиште?, Затоа што сите капацитети за сместување биле преполни, па немало место за ноќевање. Како пастирите излегле надвор од пештерата? За да ослободат место за раѓање, палејќи оган  околу кој испоседнале. Доаѓањето на мудреците од исток, (Валтасар, Каспар и Мелхиор) водени од ѕвезда водилка, кои принеле дарови, во вид на злато, ливан и смирна. Златото го означува Царот кој се родил, ливанот (скапа ароматична смола, која се подарувала во знак на особена чест) ја означува неговата божествена природа, а смирната (скапоцено масло, со кое најчесто се подмачкувале покојните) ја означува неговата човечка природа или смртноста. Целиот овој настан изобилува со голем број на случувања, кои имаат огромна симболика, врз која подоцна се востановиле црковните правила и ритуали, како и црковно-народните обичаи.

Божик е празник на домот и семејството. Тоа е празник кој означува благослов на сите луѓе, бидејќи со раѓањето на Исуса Христа, Бог е со нас, како што е напишано во Светото Писмо: “И ќе роди син и ќе го наречат Емануил, што значи “со нас е Бог”.

Целта на овој празник е, пред сѐ, благодарствена. Преку семејното собирање вечерта пред Божик, момент наречен Бадник и преку обзнанување на благословот дека Христос се роди, кој го добиваме во храмовите, ние го практицираме заедништвото. На Бадник, заедничењето со нашето потесно семејство, а на Божик, во храмовите, го практицираме заедничењето со останатите наши браќа и сестри по дух. Од тука можеме да заклучиме дека овој празник е празник на сплотувањето и благодарноста. Сите други формалности, околу тоа дали и кога треба да се става паричка во лепче, дали треба бадниково гранче, дали се пали оган или не итн. се само површна или формална претстава, на која непотребно ѝ се дава предимство, а е својствена само за недоволно упатени верници.

Вечерта пред Божик е наречена Бадник. Тоа не е некој друг празник, кој се празнува одделно од Божик. Напротив, тоа е подготовка за Божик и означува “оној кој бдее” или “оној кој е буден”. Но не се мисли само на телесната будност, туку пред се на духовната. Бадник означува свесност за благословот кој човештвото го примило, со раѓањето на Бога во човечко тело и постојан спомен за тоа.

Недоволното познавање на верата и непроучувањето на нејзината суштината, довела и сѐ уште доведува до неверојатни поделби и раздори меѓу луѓето, до толку што огромен број од свесните граѓани, се дистанцираат од верата, бидејќи плодовите кои таа ги дава, се неадекватни на потребата од нејзиното постоење. Така, за жал, е и на овој Бадник и Божик.

Заради тоа, мојата порака е едноставна. Сѐ она кое ќе ви помогне и ќе ве насочува кон заедничење со сите луѓе кои ве опкружуваат, без разлика на нивните верски или други определби и на тој начин ќе ве поттикнува да бидете благодарни и свесни дека сте човечко битие, кое не е центар на светот, туку дел од него, ќе биде во духот на Бадник и Божик.

Ако веруваме дека Бог е Љубов, без разлика со какво име му се обраќаме, тогаш на Бадник сме будни, очекувајќи го раѓањето на Љубовта, а на Божик ја прославуваме Љубовта, со тоа што на сите луѓе кои се околу нас, им сведочиме за нејзините плодови, но не само со збор, туку пред сѐ со дела.

Па повелете, кој е подготвен да сведочи за љубовта, Божик е на прагот. Во нашиот “животен паричник” ќе ни се дадат 365 дена за практицирање на љубовта, преку која ќе сведочиме за Бога, за Емануил, односно ќе сведочиме дека со нас е Бог. Нека е за на век.

Tags: БадникБогБожикИсус Христосљубов
Share43TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ