На вчерашното снимање на едно видео обраќање на кандидатката за советничка Дина Спировска од СДСМ за скандалите околу салата „Расадник“ и Данела Арсовска, се појавил активист на ВМРО-ДПМНЕ кој не дозволувал да продолжи снимањето и дофрлувал до присутните.
„Што сака да скрие ВМРО-ДПМНЕ од граѓаните на Скопје што не дозволува да се снима салата Расадник? Зошто партиски активисти се подготвени физички да се конфронтираат заради независна кандидатка?“, велат од Градска организација на СДСМ.
Повикана била полицијата која изготвила службена белешка и го отстранила човекот од локацијата, по што снимањето продолжило.
Ова е видеото што активистот на ВМРО-ДПМНЕ го попречуваше да се снима.