Протестите кои се одржуваат во Сеул, Јужна Кореја, против диктатурата на Ким Џонг Ун се во ек, пред почетокот на зимската олимпијада.
На протестот е искината слика од Ким Џонг Ун, што можеби не значи многу во демократскиот свет, но овој акт носи смртна казна во Северна Кореја.
Јужна Кореја се надева дека оваа олимпијада е шанса да се смират тензиите со Северна Кореја, кои се на највисоко ниво по нивните многубројни тестирања на нуклеарно оружје.
Сепак, протестите на чие чело е северно-корејскиот активист Парк Санг-хак може да наидат на жесток одговор од страна на владејачката партија во Северна Кореја, која на овие инциденти гледа како на длабока навреда за режимот и владејачката фамилија.
Е.К.