Подигање на свеста за вредностите на мултикултурализмот, за живеењето заедно на македонските граѓани, е подигнато на повисоко ниво, и тоа го забележуваат сите извештаи.
И вредностите на стратегијата, и вредностите на мултикултурализмот и интеркултурализмот во македонското општество, се оценува во извештајот на Фридом Хаус, каде што само во една реченица се констатира дека состојбата е подобрена и не постојат поголеми конфликти, во извештаите на Советот на Европа, и од аспект на остварување на правата на помалите етнички заедници, и во извештајот на ЕУ, каде што и директно се реферира на нашата стратегија, вели националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски во интервју за ЦИВИЛ Медиа.
Камера и монтажа: Ариан Мехмети