Косовско – албанската медиумска платформа Albanian Post во текот на вчерашниот ден објави дека во вооружената група Срби, кои извршија напад на Северот на Косово, кај местото Бањско, оперирале и припадници на платеничките групи „Образи“, озлогласената руска група „Вагнер“ и „СпецНаз“.
„Од неофицијални извори потврди дека во оваа единица се и елементи од српските платеници „Образи“, руските „СпецНаз“ и „Вагнер“, пишува Албаниан Пост.
Понатаму, од медиумот има опис на овие платенички групи за кои во веста се тврди дека биле дел од вчерашната вооружена операција на северот на Косово, во која загина еден полицаец, а двајца се ранети.
„Образи“ е српска екстремно десничарска организација позната по своите врски со тамошната влада.
Таа доби забрана од Уставниот суд, но најде начин да се регистрира под друго име.
Што се однесува до „Вагнер“, тоа не би било првпат да се појават во немирите на северот на Косово, бидејќи нивни елементи претходно ги потврдија и највисоките претставници на Косово, а „СпецНаз“, е тајна руска единица доделена на тајни, високоризични типови мисии, се наведува во Албаниан Пост.
Д. Т.