• Latest

„Албанизација на Балканот“ е еден од руските пропагандни наративи, таков проект нема

July 5, 2022

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„Албанизација на Балканот“ е еден од руските пропагандни наративи, таков проект нема

July 5, 2022 15:30
in ВЕСТИ, ПРОПАГАНДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во медиумите со проруска пропаганда со години се објавуваат дезинформации за „конкретен план“ за етничка Албанија, како и за „албанизација на Балканот“. Но, ниту де-факто, ниту де-јуре нема проект за Етничка Албанија. Изворот на веста што ја рецензираме е Ана Филиминова, членка на Руската академија на науките, која со децении пропагира невистини против НАТО и ЕУ преку српските медиуми, a и преку други извори, пишува Portalb.mk, пренесе Вистиномер.мк.

Преку сензационален наслов на порталот „Liveportal24hr“, читателите се дезинформираат и се манипулира со нив на национална основа, имајќи ја предвид чувствителноста на темата „Етничка Албанија“.

„Силна изјава се дава од Русија: „Почна ерата на Албанците, Србите ги чекаат црни денови“ е насловот на веста што ја рецензираме.

Оваа изјава ја даде Ана Филиманова, членка на Руската академија на науките, таа е личноста која најчесто се појавува во медиумите за да ги турка руските агенди, имено, руската пропаганда за поттикнување поделби, конфликти и не само на Западен Балкан.

Филиманова и пред осум години изјави дека „Етничка Албанија ќе се направи по 5-6 години“

Иако поминаа осум години од неоснованата изјава на Филиманова, сè уште нема ништо конкретно што докажува проект како што е „Етничка Албанија“, односно може да се каже дека самото време го демантираше рускиот пропагандист.

За ова, „Институмедија“ во 2015 година имаше спроведено истражување за медиумското известување во регионот на Западен Балкан, во кое беше вклучена и изјавата на Филиманова, но во оваа студија се наведува дека идејата за „Етничка Албанија“ главно се шири во српските медиуми, а не во албанските.

Според оваа студија, изворот на овој наратив и тогашното интервју на Ана Филиманова бил весникот „Дневник“ кој „често објавува негативни колумни исполнети со стереотипи кон Албанците и Албанија“, пишува во студијата.

Сите овие дезинформации продолжија со истиот наратив и тоа, во декември 2017 година руските пропагандисти објавија мрачни предвидувања за „исчезнувањето на Македонија од светската карта и поделбата на Македонија меѓу Албанија и Бугарија“.

Руските пропагандисти продолжија да шират апокалиптични „предвидувања“ дека „Македонија е избрана за место каде ќе започне следната војна, односно светскиот конфликт меѓу НАТО и Русија“.

Сето ова имаше цел, да ги избрка луѓето од НАТО и ЕУ, како и да предизвика конфликти.

Во исто време со крајот на мандатот на поранешниот премиер на Северна Македонија, Никола Груевски, наближувајќи се на крајот на неговиот мандат, еден од главните извори на руски дезинформации, целосно контролиран од Кремљ, „Спутник“ објави серија написи кои ги доведуваа во прашање перспективите на Македонија.

Еден од нив беше насловен „НАТО подготвена да види крв на улиците на Македонија“ за проектот Голема Албанија. Друг тврдеше дека промените во геополитиката ја застариле прозападната постава на РСМ: „Време е Македонија да и се довери на Русија, а не на Трамп“, објави тогаш Спутник.

Maqedoni, Shkup, foto: Ardit Ramadani.
Скопје, Македонија  Foto: Ardit Ramadani
                          

Изворот на вестите што ги прегледуваме низ годините пропагира против НАТО и ЕУ

Во интервју за Srbin.info, Филиманова во 2014 година дезинформираше за целите на НАТО на Западен Балкан и пропагираше против Европската унија.

НАТО претставува закана како нацизмот во Втората светска војна. Ова не треба да се крие, го кажа и рускиот претседател Владимир Путин, изјави Филиманова во ова интервју.

Таа тогаш инсистираше Србија да не стане дел од НАТО, додека иако нагласи дека нема ништо против Србија да стане дел од Европската унија, додаде дека вратите на Евроазија се отворени.

Русија не се противи на влезот на Србија во ЕУ, но има простор за скептизицам. По правило, балканските земји прво влегуваат во НАТО, па дури потоа во ЕУ. За нас оваа опција е апсолутно неприфатлива. Затоа гледаме контрадикторност: како да се одделат европските интеграции на Србија од интеграциите во НАТО, ако за нив, за Европа и за САД, сè оди заедно? Нашиот договор за слободна трговија, во тој случај, веднаш ќе биде ликвидиран. Ова ќе ѝ нанесе удар на српската економија, а не на руската. Затоа, дозволете ми да одговорам на вашето претходно прашање: ако се исклучи европскиот пат, вратите на Евроазија се отворени за вас, вели Филиманова во ова интервју.

Инаку, некои од другите наративи што ги користат руските пропагандисти за да влијаат на Западен Балкан се следните: „Западен Балкан е нестабилен“, „Европската унија е хегемон“, „Земјите од Западен Балкан се слаби, неспособни и корумпирани“. „ЕУ/НАТО се слаби и необединети“, а НАТО е агресивна и провокативна организација.

извор: Вистиномер.мк

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ