Еден од трите доминантни наративи на албанскиот блок во пресрет на локалните избори се и односите со односите со Албанија и Косово и перцепциите за нивното влијание кои остануваат чувствителни. Како што се вели во анализата на Дијана Тахири „Албанскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: Меѓу наративите и политичкиот прагматизам“, во 2024/25, јавните пораки од Тирана и Приштина често беа читани низ внатрешната конкуренција меѓу ДУИ и ВЛЕН.
„Вмешувањата“ често доаѓаат на повик на домашни актери, што ја отвора дилемата дали се засилува легитимитетот или се поткопува самостојноста на локалните албански партии.
Дополнително, симболичните гестови (на пример, пофалби за Али Ахмети во Тирана) ја хранат перцепцијата за „надворешно вагање“ во албанската политичка рамнотежа во Скопје, додека спорадичните и симболични средби на ВЛЕН со Албин Курти остануваат само симболични.
Албин Курти, Приштина (Косово): Албанските политички актери од Северна Македонија, вклучувајќи ги и оние од ВЛЕН, беа поддржани од премиерот Албин Курти. Тој јавно ги прими и поддржа кандидатите за претседателски места, со што го навидум го зајакна влијанието на Приштина во локалната политичка игра. ДУИ возврати со обвинувања дека таквата интервенција ја фрагментира албанската политичка сцена и ја поткопува нејзината легитимност.
Еди Рама, Тирана (Албанија): Претходно, во рамки на парламентарна соработка, лидерите од ДУИ се обратија до албанските власти (претседателот и премиерот), барајќи меѓународен притисок за заштита на правата на Албанците во Северна Македонија.
И коалицијата на власт, ВЛЕН, и опозициската ДУИ, ги користат „врските“ со Тирана и Приштина за прикажување дека тие се вистинските претставници на албанската заедница во земјата.