Писмото за поддршка на Албин Курти, лидерот на Движењето Самоопределување (Vetëvendosja), деновиве го потпишаа 77 светски академици, во пресрет на предвремените парламентарни избори во Република Косово, што ќе се одржат на 14 февруари.
„Република Косово се движи кон нови предвремени избори на 14 февруари 2021 година. Овие избори следат по неодамнешната одлука на Уставниот суд во врска со легитимноста на Владата на Абдула Хоти, изгласана на 3 јуни 2020 година, со која се одлучи дека Косово треба да се управува од нелегитимна влада, веќе седум месеци,“ се вели на почетокот на писмото за поддршка на Курти.
Поддржувачите на Курти од целиот свет, понатаму, велат дека „неуставната влада формирана од десната ЛДК беше создадена по соборувањето на левичарската и реформска влада предводена од Албин Курти од Движењето Самоопределување (Vetëvendosje)“.
Во писмото се констатира дека бил извршен „силен притисок врз косовскиот народ и од специјалниот пратеник на поранешниот претседател Трамп, Ричард Гренел“.
„Сред пандемијата со КОВИД-19, кога на косовското општество навистина му требаше примерно управување што можеше да го обезбеди Владата на Курти, ЛДК координираше со другите стари елитни партии и создаде интензивно лажно медиумско покривање. Кога овој напор беше одобрен и се изврши силен притисок врз косовскиот народ и од специјалниот пратеник на поранешниот претседател Трамп, Ричард Гренел, оваа иницијатива ја собори Владата на Курти и создаде неуставна заменска влада за да се унапреди несоодветниот договор помеѓу Косово и Србија. Договорот требаше да послужи како надворешен политички трофеј за изборната кампања на Трамп. Овој проект резултираше со рекорден број на инфекции и смртни случаи на граѓани од КОВИД-19; во тешка социјална и економска состојба и во ситуација поткопана од неконтролираната корупција на владините службеници и нивните клики. Ова е невиден случај на парламентарен државен удар“.
Потписниците на писмото ја согледуваат ситуацијата дека во периодот кога Косово се движи кон нови избори, се случила голема политичка промена во поддршката на политиките презентирани од Движењето Самоопределување, кои се базираат на две главни цели: труд и правда.
„Велиме дека овие прашања не се специфични одлики на Косово, но се од глобално значење. Неолибералната парадигма ги обединува сите видови фронтови, партии и луѓе во борбата против неа. Но, за да имаме шанса да живееме и покрај тоа, потребно е меѓусебно да се поддржуваме и да се солидаризираме колку што можеме посилно кога тоа е потребно“ – пишуваат тие и заклучуваат:
„Затоа, ние како потписници ја изразуваме нашата поддршка за Движењето Самоопределување и за Курти на следните избори. Искрено веруваме дека неговата влада ќе понуди нов почеток во оваа тешка, но неопходна битка, и покрај позадината на актуелните настани во Република Косово. Во ситуации како сегашноста, таквото верување и убедување е поважно од сегашната реалност и нејзините очигледни барања. Ова е нешто што Движењето ВЕТЕВЕНДОСОЕ! и Курти им даде на луѓето во нивната земја во првиот мандат, надеж дека има луѓе кои можат да имаат политичко убедување и верување зад кое стојат бескомпромисно. Ова ќе послужи како предуслов за каква било трансформација на реалноста на Косово, пишува во писмото за поддршка на Курти.“
Потписници на писмото за поддршка се 77 академици од различни земји од светот:
- Славој Жижек, Меѓународен директор на Институтот за хуманистички науки, Биркбек, Лондон,
- Аленка Жупанчич, Истражна советничка на Институтот за филозофија и Истражувачки центар на Академијата на науки на Словенија
- Младен Долар, професор и висок истражувач на Филозофскиот универзитет на Љубљана
- Франк Руда, постар професор по филозофија на Универзитетот во Данди, Шкотска
- Габриел Тупинамба, психоаналитичар, член на Здружението за студии на идеи и идеологии, истражувач во Филозофскиот факултет на УФР
- Метју Флисфедер, Универзитет на Винипег
- Наталиа Роме, Професорка и истражувачка на факултетот за Социјални науки при универзитетот на Буенос Аирес
- Катерина Колозова, проф. д-р, основач и директорка на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје
- Стефано Пипа, истражувач на Политичка филозофија при Миланскиот универзитет – Bicocca
- Тод МекГоуан, Професор на Теорија и Филм при Универзитетот во Вермонт
- Тед Столц, Професор по филозофија на колеџот Церитор, Лос Анџелос
- Мајкл Мардер, Професор и филозофски истражувач на Икербаск, Баскиска фондација за истражување
- Гавин Вокер, Професор по историја при универзитетот МекГил
- Боштјан Недох, истражувач на ЗРЦ САЗУ, Љубљана
- Фаби Виџи, Професор по критичка теорија и италијански јазик, Кардифски Универзитет
- Мариана Гаинза, истражувачка на КОНИЦЕТ, Буенос Аирес
- Давид Павон Куељар, Професор на УМСНХ, Морелиа Микоакан, Мексико
- Виторио Морфино, Професор по историја на филозофија на Миланскиот Универзитет
- Серен Озселџук, професорка по социологија Универзитетот Боазичи, Турција
- Јела Кречич, филозоф, теоретичарка, предавач на Љубљанскиот Универзитет
- Александер Стагнел, постар предавач по реторика, Универзитет Содерторн
- Ворен Монтаг, Професор по книжевност, Оксидентал Колеџ, Лос Анџелос
- Даниел Хартли, Професор по Светска книжевност , Дурхам Универзитет
- Џејсон Рид, професор по филозофија, Универзитет – Јужен Мејн
- Захи Залоуа, професор по филозофија и книжевност, Витман Колеџ
- Димитрис Вардулакис, професор по филозофија, Универзитет на Западен Сиднеј
- Кристијано Инго Ленз Дункер, професор по психологија – Универзитет Сао Паоло, Бразил
- Џастин Клеменс, професор на Универзитетот на Мелбурн, Австралија
- Софи Вахник, истражувач на Политички науки, ЦНРС – Париз
- Родриго Нуњез, професор по модерна филозофија на Католичкиот универзитет на Рио де Жанеиро
- Ник Несбит, професор по француски – Универзитет Принстон
- Рикардо Белофиоре, професор по економска политика – Универзитет Бергамо, Италија
- Алекс Таек – професор по културолошки студии – Универзитет Кјунг Хи, Сеул
- Реј Брасиер, професор по филозофија – Американски Универзитет- Бејрут
- Ерик Алие, професор по филозофија – Париски Универзитет
- Владимир Сафатл, професор по филозофија – Универзитет, Сао Пауло
- Бју Рабнер Хансен, – Универзитет Јена
- Доминик Хоенс, предавач – Уметничко училиште, Брисел
- Изабел Гаро, филозоф, Париз
- Јелица Шумич, менторка- ЗРЦ САЗУ, Љубљана
- Радо Риха, истражувач, ЗРЦ САЗУ, Љубљана
- Даниел Тут, предавач, Универзитет Џорџ Вашингтон, САД
- Ведни Браун, професорка по политички науки, Беркли
- Шејла Канкл, професорка- Државен Метрополитан Универзитет, Минесота, САД
- Мајкл Хард, професор по книжевност, Универзитет Дук, САД
- Кохеи Саито, професор по економски политики, Униварзитет на Осака, Јапонија
- Јитзак Меламед, професор по филозофија, Шарлот Блумберг
- Роберто Еспосито, професор по филозофија
- Ким Стенли Робиснон, писател
- Силвиа Хернандез, професорка и истражувачка при Институтот за социјалнинауки- Универзитет Сао Паоло
- Мајкл Лови, директор Емеритус, ЦНРС, Париз
- Бенјамин Ноис, професор по теорија на критика, Универзитет Чичестер, ВБ
- Етјен Балидар, професор по филозофија, Универзитет Кингстон
- Катрин Малабу, професорка по филозофија, Универзитет Кингстон
- Жисле Селнес, професор по компаративна книжевност, Универзитет Берген, Норвешка
- Јахја Мадра, професор по економија, Универзитет Дру, САД
- Пиетро Бианки, професор по англиски јазик, Универзитет Флорида, САД
- Сиги Јоткант, професорка на УНС, Сиднеј, Австралија
- Атена Атанасоу, професорка по општествена антропологија, Универзитет Пантеон, Атина
- Пол Ливингстон, Универзитет Њу Мексико
- Грегор Модер, Универзитет Љубљана
- Мариа Аристодему, професорка по право, Биркбек, Велика Британија
- Хасана Шарп, професорка по филозофија, Универзитет МекГил
- Лорент де Сутер, професор по право, Брисел
- Адриан Џонсон, професор по филозофија, Универзитет Њу Мексико,САД
- Ник Срничек, Кинг колеџ, Лондон
- Марк Де Кесел, Институт Титус Брандсма, Универзитет Радбуд Нијмеген, Холандија
- Џамил Кадер, професор по англиски јазик, Универзитет Бетлехем, Палестина
- Родриго Гонзалвес, психоаналитичар, Сао Пауло, Бразил
- Сотирис Митралексис, истражувач, Универзитет Винчестер
- Каролина Колацо, професорка и истражувачка на Факултетот за социјални науки, Универзитет Буенос Аирес
- Марилена Чауи, професорка по модерна филозофија, Универзитет Сао Пауло
- Бил Бовринг, професор по право, Биркбек Колеџ, Лондон
- Мајкл Робертс, економист, Лондон
- А. Џ. Бартлет, Училиште за континентална филозофија, Мелбурн, Австралија
- Оливер Фелтхам, професор по филозофија, Американски Универзитет, Париз, Франција
- Рикардо Еспиноза, филозоф, Католички универзитет, Валпараисо, Чиле
И проф. Катерина Колозова е дел од свтската академска и интелектуална елита која го поддржа Албин Курти на само десетина дена пред вонредните избори во Косово.
Д. Т.