• Latest

Александар Бојчевски во Германија истражува како алгоритмите да бидат отпорни на напад и манипулација

June 20, 2021

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ

Александар Бојчевски во Германија истражува како алгоритмите да бидат отпорни на напад и манипулација

- На пример ботовите може да пробаат да го излажат системот и да го манипулираат своето однесување за да не бидат фатени (да не бидат класифицирани како бот). Јас студирам начини како да го спречам тоа. Понатаму да бидат алгоритмите фер за сите корисници, вели Бојчевски.

June 20, 2021 09:45
in ВЕСТИ, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Посветеноста, трудот и желбата за компјутерските науки се причина 30-годишниот Александар Бојчевски од Тетово веќе неколку години да се наоѓа во Германија каде успешно почнува да ја гради неговата кариера во научно-истражувачката дејност.  Магистерските и докторските студии по компјутерски науки ги стекнал во Германија, а од есенва го очекува новиот предизвик – работата во ЦИСПА Хелмхолц центарот за безбедноста на информациите од сите нејзини аспекти.

-Главната тема на моето истражување (кое го вршев за време на докторските студии и што во иднина ќе го продолжам во ЦИСПА) е „Доверлива Вештачка Интелегенција”. Во полето на вештачката интелегенција (специфично, машинско учење) станува збор за модели и алгоритми кои автоматски учат различни концепти или однесувања врз голема база на примероци. На пример ако имаме социјална мрежа каде што има вистински корисници и ботови (интернет онлајн робот). Прво ќе собереме голем број примероци од овие различни две категории (вистински корисник или бот) кои што ќе ги искористиме да го научиме компјутерот да ја препознае разликата помеѓу нив. Со тоа ќе можеме да креираме алгоритам кој што ќе може автоматски да предвиди дали одреден нов корисник во иднина е вистински или пак е бот. Според друг пример може автоматски да предвидиме дали на една слика има човек или животно, или пак автоматски да предвидиме колкави се шансите одреден пациент да заболи од рак, и така натаму. Значи земаме голем број примероци (вистински vs. бот, човек vs. животно, здрав vs. заболен од рак, итн.) и креираме алгоритам кој автоматски ќе ги препознае разликите, објаснува Александар за МИА.

Младиот тетовски научник во Германија објаснува дека негов фокус е како да се направат тие алгоритми и модели да бидат доверливи, односно да знаат луѓето дека имаат одредена безбедност кога користат интернет и социјални мрежи.

-Или поспецифично кажано јас студирам како да ги направам алгоритмите да бидат отпорни на напад и манипулација. На пример ботовите може да пробаат да го излажат системот и да го манипулираат своето однесување за да не бидат фатени (да не бидат класифицирани како бот). Јас студирам начини како да го спречам тоа. Понатаму да бидат алгоритмите фер за сите корисници. На пример тоа значи дека сите корисници без разлика на нивниот пол или години или раса ќе бидат третирани подеднакво од алгоритмот. Исто така, дел од работата е да се заштити приватноста на корисниците и да можат да бидат протолкувани (да може и обичен корисник да ги разбере, не само експерти), објаснува Александар Бојчевски.

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) е почетната негова станица на патот кон развивањето на компјутерските науки сега во Германија. По дипломирањето во 2013 година успеал да добие целосна стипендија од ДААД (Германска агенција за академска размена) за магистерски студии во Германија.

– Со таа стипендија студирав на Техничкиот универзитет во Минхен. Потоа продолжив со докторски студии на Техничкиот универзитет во Минхен, каде што во декември 2020 дипломирав со највисоки почести (summa cum laude). Така сега од есен започнувам нова позиција како дел од факултетот на ЦИСПА каде што ќе надгледувам и водам тим од неколку докторанти, и ќе држам предавања на Универзитетот во Сарланд. ЦИСПА припаѓа на здружението на германски истражувачки центри Хелмхолц и е голема германска федерална истражувачка институција.

Главниот истражувачки фокус е безбедноста на информациите од сите нејзини аспекти, вели Александар.

Младиот тетовец е воодушевен од можносите во Германија особено за научно-истражувачка работа.

–Една од најголемите разлики помеѓу Германија и Македонија е во бројот на можностите за младите, особено за оние кои што сакаат да го следат акедемскиот пат и да се занимаваат со наука и истражување. Се надевам дека во иднина ќе има повеќе такви можности во Македонија, како и поголема соработка со науно-истражувачките институти во Европа. Кога станува збор за секојдневиот живот во Германија позитивно сум изненаден од тоа колку имаат Германците отворен ум, вели Александар.

Пред да замине во Германија Александар не го знаел германскиот јазик но после осум години веќе го совладал.

–Немав претходно познавање на германскиот јазик. Но, како дел од ДААД стипендијата, пред да започнам со магистерските студии, поминав два месеци во Манхајм на интензивен курс. Преку овој курс стекнав основно познавање на германскиот јазик, доволно за секојдневна употреба. Иако сите предавања за време на неговите студиите беа на англиски и познавање на германски јазик не е неопходно, дополнителен странски јазик е во секој случај голем плус, вели младиот тетовец.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ