Комисија од стручни лица, специјално формирана за испитување на сите околности во однос на реконструкцијата на Али Пашината џамија заклучила дека министерот за култура нема основа да ги запре работите, соопштија од Министерството за култура.
Кимисијата ги охрабрува сите надлежни институции да постапуваат доколку имаат индиции за прекршување на законските процедури. Истовремено, порачаа министерството да достави барање до УНЕСКО за стручно мислење – дали е во склад со стандардите за заштита на градот да се реконструира објектот во такви димензии.
„Министерството за култура нема ништо против обновувањето и заштитата на културното наследство, вклучувајќи ги тука и верските објекти, но сакаме тоа да се спроведува во законска процедура, почитувајќи ги сите прописи и постапки што се однесуваат на заштитување на објекти со историско значење“, стои во соопштението.
Б.Ј.