„Тетово и неговата околина, град со два универзитета, стана опасно место за живеење. Денес во Тетово повеќе не се зборува за неизградба на театар или библиотека, за градење на кино или градинка, не се зборува за унапредување и развој. Денес во Тетово се зборува за преживување, чист воздух, вода за пиење, јавна хигиена“, изјавија денеска на прес -конференција од Алијаса на Албанците.
„За време на овие осум години, Тетово има средновековни проблеми: полно е со диви депонии, загаден воздух, недостаток на инфраструктура. И најскандалозно, нема вода за пиење, но има поплави што им го одземаат животот на луѓето и ги уништуваат нивните домови.
Секој апел што досега беше упатен до Општината или Владата за овие проблеми е веќе залуден. Незаинтересираноста на Општината и Владата кон проблемите на граѓаните ја надминаа секоја точка на трпеливост на граѓаните на Тетово.
Отсега ќе ги замолуваме граѓаните преку протести и активизам, да се ослободиме од оние кои ни го ускратуваат правото на живот. Тетовчани не го заслужуваат овој пустош и уништување! Тетово им се спротивстави на оние кои се обидоа да го запрат образованието и иднината на децата, а сега е време да се ослободиме од оние кои го зголемија бројот на деца и граѓани со рак и други болести, причина за деградација на основните услови за живот“, велат од партијата.
Прес -конференцијата се одржа пред исушеното еколошко дрво во Тетово, донација од Германија и приватни домашни фирми.