„Искористувањето на партиските активисти во ваква ситуација кога сме повикани да останеме дома и да се изолираме, е во спротивност со сопствените препораки и обврски произлезени од владата. Овој потег ги става на директен ризик активистите, и не помага за подобрување на ситуацијата, напротив, овозможува вирусот да се шири, и бројот на заразени да расте. Да беа овие мерки искрени, сигурно ние како Алијанса за Албанците ќе ги поздравивме“, соопштуваат од партијата.
Од Алијансата реагираат дека кога првичните препораки требаа да бидат дистрибуирани и на други јазици, освен на македонски, Министерството за здравство, и заменик министерот на ДУИ не преземаа ниту еден чекор во однос на ова прашање.
Алијансата за Албанците во неколку наврати јавно реагираше на прашањето за преведување на овие материјали и на албански јазик, со цел точно да се информира албанското население за тоа што треба да се стори за да се спречи и заштити од феноменот на КОВИД-19. Кога Министерството за здравство не одговори, Алијансата за Албанците, односно одделот за здравство, ја презеде оваа одговорност.
„Тоа што денеска се случува од штабот на ДУИ, ја покажува уште еднаш нивната неискреност кон народот. Во ситуација кога целата јавност гледа кон Министерството за здравство, кога сите се обидуваме да се сенсибилизираме, во ситуација кога некои граѓани се во паника од евентуалните последици од овој феномен, во ситуација кога заштитата на граѓаните е главен приоритет, искористувањето на младите активисти не е ништо други освен експлоатација на нивниот труд, додека од друга страна игнорирањето на албанскиот јазик е навреда и потценување за сите нас“