Според информации на Алсат, покрај специјалната обвинителка Катица Јанева, денеска се приведени и двајца политичари поврзани со случајот „Рекет“. Засега нивните имиња не се откриваат, но од Основното јавно обвинителство прес конференција најавија за во 14:00 часот.
Катица Јанева во моментов под полициска придружба се наоѓа во просториите на СЈО, откако беше приведена од нејзиниот дом во Козле.