Во знак на солидарност со жртвите од трагедијата во Бугарија и нивните семејства, седницата на Централното претседателство на Алтернатива закажана за денеска , на која требаше да се одлучува за влез во Владата и за зголемување на парламентарното мнозинство,се одлужува, информираат од партијата.
Од Алтернaтивa „ изразуваат топли и искрени сочуства на семејствата на загинатите, а на повредените им посакуваат брзо враќање во нивните домови“.
Засега нема информации кога Централното претседателство ќе заседава.