На штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево вечерва се постави платно со натпис: „Ако водам – следете ме. Ако се двоумам, потурнете ме. Ако ве предадам – убијте ме! – Христијан Мицкоски“, известува долгорочниот набљудувач на ЦИВИЛ од овој регион.
Од внатрешноста на штабот се слушала македонска народна музика. Околу седиштето бил присутен и пратеникот Благоја Деспотоски заедно со општинското раководство на партијата.
Тим за анализи и координација на ЦИВИЛ