Денеска се навршуваат 39 години од Чорнобилската трагедија, нуклеарна катастрофа што остана во сеќавањето на светот како симбол за цинична неодговорност, нетранспарентност и неказнивост на тогашниот советски диктаторски режим. И денес, по речиси четири децении, рускиот агресор се однесува во истиот манир – со целосна неодговорност кон човечките животи и нуклеарната безбедност на Украина и светот.
По овој повод, и Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, истакна дека ова злосторство беше прикриено од советскиот режим.
„На 26 април 2025 год. се навршуваат 39 години од една од најголемите технолошки катастрофи-катастрофата на Чорнобилската нуклеарна електрана. Злосторство што беше прикриено од страна на советскиот режим. Се сеќаваме на оние кои по цена на својот живот ги отстрануваа последиците“, напиша амбасадорката Дир.
На 26 април 2025 год. се навршуваат 39 години од една од најголемите технолошки катастрофи-катастрофата на Чорнобилската нуклеарна електрана. Злосторство што беше прикриено од страна на советскиот режим.
Се сеќаваме на оние кои по цена на својот живот ги отстрануваа последиците. pic.twitter.com/gn1dkTMYtQ— Larysa Dir (@dir_larysa) April 26, 2025