Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на Х објави дека денес е Денот на знамето на Кримските Татари, симбол на борбата, достоинството и несопирливоста на автохтониот народ на Крим.
“26 јуни — Ден на знамето на Кримските Татари. Синото знаме со тамгата е симбол на борбата, достоинството и несопирливоста на автохтониот народ на Крим. Крим е Украина. И знамето на Кримските Татари ќе се вее над слободниот украински полуостров, напиша амбасадорката Дир.
26 јуни — Ден на знамето на Кримските Татари.
Синото знаме со тамгата е симбол на борбата, достоинството и несопирливоста на автохтониот народ на Крим.
Крим е Украина. И знамето на Кримските Татари ќе се вее над слободниот украински полуостров. pic.twitter.com/73xEEtt3y6— Larysa Dir (@dir_larysa) June 26, 2025
Претходно, на 18 мај беше одбележан Денот на сеќавање на жртвите од геноцидот врз кримскотатарскиот народ и Денот на сеќавање на жртвите од политичките репресии. Овие комеморации ја оддаваат почитта кон оние кои страдаа под советскиот тоталитаризам и продолжуваат да се соочуваат со угнетување под современиот режим во Москва. Во 1944 година, советските власти насилно депортираа над 190.000 кримски Татари од нивната татковина, чин што Украина го признава како геноцид. Овој трагичен настан се памети заедно со поширокиот спектар на политички репресии кои ги погодија безброј поединци низ историјата.
Д. Мишев