Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 875 ден од целосната руска воена агресија, по средбата со претседателон на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, во објава на Х се заблагодари на поддршката која ја дава нашата земја на Украина.
875.Пријателска средба со Африм Гаши. Ви благодарам за продолжување на поддршката на Украина на билатерално ниво и во рамки на работата на парламентарните собранија во меѓународните органи. И сосема со право-злосторството геноцид мора да биде казнето во согласност со меѓународното право, напиша амбасадорката Дир.
875.Пријателска средба со @AfrimGashi_
Ви благодарам за продолжување на поддршката на🇺🇦на билатерално ниво и во рамки на работата на парламентарните собранија во меѓународ-те орган-и
И сосема со право-злосторството геноцид мора да биде казнето во согласност со меѓународното право pic.twitter.com/qs3xlH9OZp— Larysa Dir (@dir_larysa) July 17, 2024
Како што објави предходно ЦИВИЛ Медиа, претседателот на Собранието Африм Гаши денес оствари средба со украинската амбасадорка во земјава Лариса Дир, на која беа разменети мислења околу ситуацијата во Украина во однос на руската агресија, како и околу продолжувањето на соработката и поддршката на билатерален план и во рамки на меѓународните организации.
Драган Мишев