Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 895 ден од целосната руска воена агресија, по повод последниот руски ракетен напад во кој беше погодена зградата на клиниката во центарот на Харкив, а 11 украински области беа под руски напади, во кои има најмалку тројца загинати и 19 повредени лица, на Х напиша:
«895. Ноќно гранатирање на Украина. 4 балистички ракети Искандер-М, 2 наведувани воздушни ракети Х-59 и 16 ударни дронови. Има уништувања.
Вооружените Сили на Украина продолжуваат со херојската одбрана против руските варвари.
На Украинците не им недостасува храброст, ни недостасува оружје со долг дострел!».
895.Ноќно гранатирање на🇺🇦
4 балистички ракети Искандер-М,2 наведувани воздушни ракети Х-59 и 16 ударни дронови. Има уништувања.
Вооружените Сили на🇺🇦продолжуваат со херојската одбрана против руските варвари.
На 🇺🇦не им недостасува храброст, ни недостасува оружје со долг дострел! pic.twitter.com/feS3QHkahc— Larysa Dir (@dir_larysa) August 6, 2024
Како што објави предходно ЦИВИЛ Медиа, руските сили извршија ракетен напад врз 11 украински области во кои загинаа најмалку три, а беа повредени 19 лица во текот на изминатиот ден. Во ракетниот напад врз центарот на Харкив утрото на 6 август, беше оштетена зграда на клиниката, а некои луѓе може да се останати заробени под урнатините.
Драган Мишев