Противвоздушната одбрана на Одбранбените сили на Украина собори 70 руски дронови во текот на ноќта на 9 февруари. Од 151 руски дрон од типот Шахед, како и други беспилотни летала, освен соборените 70, контролата ја изгубија уште 74 дронови, објави Укринформ, пренесува ЦивилМедиа. Нападот започна во 19:30 во сабота навечер.
Веста ја објави и украинската амбасадорка Лариса Дир во својот своевиден дневник на социјалните мрежи.
„Ден 1082. Воздушните сили на Вооружените сили на Украина во ноќта на 9 февруари соборија 70 руски дронови. Украина се бори!“, напиша амбасадорката на Украина.
Својот твит, амбасадорката го заврши со хаштаговите:
#RussiaIsATerroristState
#StandWithUkraine
Ден 1082.
Воздушните сили на Вооружените сили на Украина во ноќта на 9 февруари соборија 70 руски дронови.
Украина се бори!#RussiaIsATerroristState#StandWithUkraine pic.twitter.com/W3Ts1LDF7G— Larysa Dir (@dir_larysa) February 9, 2025