Руските ракетни и нападите „Шахед“ ги задушуваат напорите на Соединетите Американски Држави и другите ширум светот да ја принудат Русија на мир. Уште една ноќ, наместо прекин на огнот, имаше масовни напади со беспилотни летала „Шахед“, крстосувачки и балистички ракети. Денес беше еден од најголемите напади врз Киjив. Одеса, регионот Днипро и регионот Чернигов беа исто така цел, објави претседателот Зеленски на Х по повод еден од најголемите напади врз главниот град на Украина, во кој синоќа рускиот бараж ги погоди Кијив и Одеса, убивајќи 2 лица, повредувајќи 12.
Russian missile and Shahed strikes drown out the efforts of the United States and others around the world to force Russia into peace. For yet another night, instead of a ceasefire, there were massive strikes with Shahed drones, cruise and ballistic missiles. Today was one of the… pic.twitter.com/t3uEzzoCsL
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) June 10, 2025
Вкупно, Русија употреби 315 беспилотни летала во нападот, вклучувајќи 250 „Шахед“ и 7 ракети, од кои 2 беа балистички ракети произведени во Северна Кореја. Беа оштетени станбени згради и урбана инфраструктура. Во Одеса, дури и породилиште стана руска цел. Тринаесет лица беа повредени. Трагично, има жртви. Мое сочувство до семејствата, напиша украинскиот претседател.
Од суштинско значење е одговорот на овој и други слични руски напади да не биде молчење од светот, туку конкретна акција. Акција од Америка, која има моќ да ја принуди Русија на мир. Акција од Европа, која нема друга алтернатива освен да биде силна. Акција од други ширум светот кои повикаа на дипломатија и крај на војната – и кои Русија ги игнорираше. Мора да има силен притисок заради мирот, пишува Зеленски.
Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, со објава на Х на 1203 ден од целосната руска инвазија посочи дека во текот на ноќта,рф изврши масовен напад со„Шахеди“ и ракети врз Кијив и Одеса. Има загинати и повредени. Разурнати се станбени објекти,родилиште и станица на итната медицинска помош. Засилувањето на санкциите против рф ќе помогне да се разори нејзината воена машинерија.
Ден 1203.Во текот на ноќта,рф изврши масовен напад со„Шахеди“ и ракети врз Кијив и Одеса. Има загинати и повредени. Разурнати се станбени објекти,родилиште и станица на итната медицинска помош. Засилувањето на санкциите против рф ќе помогне да се разори нејзината воена машинерија pic.twitter.com/DCk4YRqt9V
— Larysa Dir (@dir_larysa) June 10, 2025
Д. Мишев