Лариса Дир, украинската амбасадорка во земјава, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 1047 ден од почетокот на руска инвазија со објава на својата сметка на Х се осврна на руските воздупни напади со дронови, бомби и ракети врз цивилни цели во Украина.
Ден 1047. рф лансираше против Украина во текот на оваа недела над 630 ударни дронови, околу 740 управувани авијациски бомби и речиси 50 ракети од различни типови. Во моментов во Кијив е прогласена воздушна тревога. Украина се бори. #RussiaIsATerroristState #StandWithUkraine, објави амбасадотката Дир на мрежата Х.
За последните руски воздушни напади врз Украина се огласи и украинскиот претседателот Володимир Зеленски во објава на Фејсбук.
„Речиси секој ден го браниме нашето небо од руски ракети и беспилотни летала. Само минатата ноќ Украина беше нападната од 103 дронови Шахед, кои содржеа 8.755 компоненти од странско производство. Во текот на изминатата недела, Русија употреби повеќе од 630 ударни беспилотни летала, приближно 740 наведувани воздушни бомби и речиси 50 проектили од различни типови – вкупно над 50.000 санкционирани компоненти потекнуваат од целиот свет“, изјави Зеленски.
Претседателот истакна дека санкциите насочени кон ограничување на снабдувањето со странски компоненти се недоволни, истакнувајќи дека Русија продолжува да ги набавува неопходните компоненти и производствени алатки од речиси секој агол на светот, користејќи ги во оружје за да ја тероризира Украина.
Драган Мишев