Амбасадорката на Украина во Скопје, Лариса Дир преку социјалните мрежи се заблагодари за македонската поддршка на Украина со гласањето „ЗА“ на Резолуцијата на Генералното собрание на ОН „За обезбедување на механизми за правна заштита и репарации во врска со агресијата против Украина“.
Искрено им благодариме на нашите ?? пријатели за постојаната поддршка на ??, а посебно за решителното “ЗА” на Резолуцијата на Генералното собрание на ОН “За обезбедување на механизми за правна заштита и репарации во врска со агресијата против ??” https://t.co/tK2JO5wHSN
— Larysa Dir (@dir_larysa) November 15, 2022
„Искрено им благодариме на нашите македонски пријатели за постојаната поддршка на Украина, а посебно за решителното “ЗА” на Резолуцијата на Генералното собрание на ОН “За обезбедување на механизми за правна заштита и репарации во врска со агресијата против Украина“ напиша Дир на Твитер.
М. Д.












