Делегацијата на Украина предводена од амбасадорката на Украина во Македонија Н.Е Лариса Дир, денес беше во официјална посета на Општина Кавадарци. Во рамките на посетата, Општина Кавадарци потпиша официјален Договор за збратимување со Општина Буча, Украина.
Меѓу присутните беа заменик градоначалникот на Општина Буча г-дин Шепетко Серхи, секретарот за јавна дипломатија од Украинската амбасада Володимир Вербицки, раководителот на оддел за култура, националности и религии на Градскиот Совет на Буча г-дин Виталии Томниук и Претседателот на Здружението на украинци во Македонија Александар Урбанович.
Амбасадорката Дир во својот говор изјави дека денес е започна корисна и пријатна работа – збратимување помеѓу градовите Буча (Украина) и Кавадарци (Република Северна Македонија).
Таа нагласи дека градот Буча, кој се наоѓа во близина на главниот град на Украина – Кијив, од почетокот на март 2022 година беше под окупација на армијата на руската федерација. Градот беше ослободен од страна на Вооружените Сили на Украина на 31 март оваа година.
Амбасадорката истакна дека градот Буча беше речиси уништен, додека беше подруска окупација повеќе од 30 дена. Заклучно со денес , нагласи таа, се знае за повеќе од 400 загинати цивили во градот, потрагата и ексхумацијата се уште се во тек. Иако е тешко и да се зборува за тоа, по деокупацијата, во градот беа откриени места каде што русите го измачувале цивилното население.
Градот кој во мирно време беше тивок , доживеа масовни убиства на украинското цивилно население, придружени со киднапирања, мачења и силувања, вклучително и на деца. Сите споменати злосторства ги извршија вооружените сили и другите формации на русија. Русија е држава-терорист која дрско ја дезинформира меѓународнатазаедница и во исто време убива деца и трудници соирански дронови, ракети, артилериско гранатирање. Сите руски агресори кои извршија воени злосторства и злосторства против човештвото мора да бидат изведени пред лицето на правдата и казнети. Украина веќе се обрати до сите држави, вклучително и Северна Македонија, да го поддржат создавањето на Специјален Меѓународен Трибунал за истражување и изведување пред лицето на правдата за злосторството агресија, истакна украинската амбасадорка.
Според нејзините зборови, како и многу уништени и руинирани градови во Украина, Буча се обидува да оживее, да ја обновиуништената критична инфраструктура. Постои потреба од обновување на станбени згради за нов живот на Украинците кои ги преживеаја сите ужаси на крваватаруска воена машина. За да го оствариме ова, потребна ние, меѓу другото, помош од странските партнери и пријатели.
Дир дополни дека веќе има неколку заеднички проекти, во блискаиднина нашиот економски, културен, образовен и туристички живот ќе отвори нови можности за развој. Сигурна сум дека денешниот Договор ќе стане нова алкаво нашата соработка и ќе организираме уште многузаеднички проекти за нашите градови, за заемно духовно збогатување.
Дир се заблагодари на Северна Македонија, вклучително и на градот Кавадарци, на градоначалникот на Кавадарци, господин Митко Јанчев, за исклучително важната помош за Украина.
Таа потсети дека на почетокотна руската војна против Украина, градот Кавадарци веќе додели 600.000 денари помош за Украина, и наглси дека ова е значајна помош, која конкретно дојде до некој (жители) во Украина во форма на храна, лекови, основни производи.
На крајот од своето обраќање, амбасадорката Дир се заблагодари за тоа што, како што нагласи, и покрај тоа што се оддалечени илјадници километри од борбената линија, жителите на кавадаречката заедница остануваат со отворено срце за оние на кои им е потребна поддршка,
Благодарам за вниманието и континуираната поддршка, рече амбасадорката на Украина во Македонија Лариса Дир.
Д. Мишев