Амбасадорката на Украина Лариса Дир учествуваше на Втората меѓународна конференција „Women in foreign policy“, која се одржа под покровителство на Премиерот Димитар Ковачевски и одржа говор за време на панелот „The role of women in times of crisis“.
Воените дејствија продолжуваат и човечките загуби се зголемуваат, како кај цивилното население, така и кај воениот персонал. Воената агресија на рф против Украина беше резултат на акутни и опасни предизвици за различни групи жени и мажи, меѓу кои раселување, губење на приход и ризик од сиромаштија, насилство, вклучително и сексуално насилство на териториите на Украина привремено окупирани од русија, како и опасноста од трговија со луѓе, нагласи амбасадорката Дир.
Дир посочи дека покрај убиствата и тортурата, руските трупи на привремено окупираните територии на Украина користат сексуално насилство како средство за воени операции.
Според неа, механизмот за заштита на жртвите од такво злосторство е речиси невозможно да се спроведе, бидејќи агенциите за спроведување на законот на Украина немаат пристап до овие територии.
Дир истакна дека се зголемува бројот на жени кои земале оружје во рака, и за време на војната, заедно со мажите, се наоѓаат на линијата на огнот, извршувајќи борбени задачи, бранејќи ја Украина и Украинците. Во Украина постепено се развива Женското ветеранско движење.
Победата на Украина значи безбедност на целата евроатлантска област. Нема алтернатива за ова. Апликацијата на Украина за влез во НАТО е патот по кој се движи нашата земја во насока на отворените врати на Алијансата. Доколку е неопходно да се преземат мерки за завршување на процесот на интеграција, Украина е подготвена да ги преземе, за да се елиминира нуклеарната уцена, да се спречи загубата на човечки животи и да се запре уништувањето предизвикано од агресијата на руската федерација, изјави Амбасадорката на Украина Лариса Дир.
Во своите говори, речиси сите учесници на споменатиот панел обратија внимание на уништувачките последици од руската воена агресија врз Украина, како и на растечката улога на жените во време на криза, донесувањето на клучни одлуки токму од страна на жените во најтешки ситуации, посочуваат од украинската амбасада.
М.Д.