Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз денеска на лидерот на СДСМ, Зоран Заев му го честиташе мандатот за состав на нова влада, кој претходно му го додели претседателот на државата, Стево Пендаровски.
– Честитки до Зоран Заев за мандатот за формирање влада на Северна Македонија и со нетрпение чекаме да работиме со новата влада, откако ќе биде формирана, напиша Брнз во твитот.
– Како нова членка на НАТО, ние ја поддржуваме посветеноста на земјата на демократските принципи, владеењето на правото и нејзината европска иднина, додава Брнз во твитот.
Претходно американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз напиша дека Охридскиот рамковен договор е важна пресвртница што и помогна на Северна Македонија да ги премости етничките поделби.
– Денеска ја одбележуваме 19-годишнината од Охридскиот рамковен договор, важна пресвртница што и помогна на Северна Македонија да ги премости етничките поделби. Со нетрпение очекувам да соработуваме со сите заинтересирани страни за зголемување на социјалната кохезија и меѓуетничко разбирање во наредните години, напиша Брнз на Твитер.