• Latest
ЗАГРОЗЕНИ Жените во американското општество се загрозени без оглед на бојата на кожата, обоените би се рекло – двојно! (Clarke Sanders clar_san, CC0, via Wikimedia Commons)

Американски избори: Жените не ја видоа сопствената сегрегација

November 16, 2024
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Американски избори: Жените не ја видоа сопствената сегрегација

November 16, 2024 15:29
in ИЗБОРИ ВО САД, КОНТЕКСТ, СВЕТ, ТОП 5
ЗАГРОЗЕНИ Жените во американското општество се загрозени без оглед на бојата на кожата, обоените би се рекло – двојно! (Clarke Sanders clar_san, CC0, via Wikimedia Commons)

ЗАГРОЗЕНИ Жените во американското општество се загрозени без оглед на бојата на кожата, обоените би се рекло – двојно! (Clarke Sanders clar_san, CC0, via Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

Американските избори ќе ги одбележат годините пред нас. Во опширната анализа за тензичниот изборен процес во САД, Љубомир Костовски, меѓу другото го опфати и родовиот аспект. Во тој контекст, Костовски пишува дека „кандидатката Харис својот акцент на митинзите – заради добрата перцепција на поделеното општество во кое живее – го стави на потребната поддршка од жените како двојно сегрегирани битија: најнапред заради бојата на кожата, а потоа и во семејството, заради традицијата да се потчинуваат на своите сопрузи или синови, доколку живеат во поголемо семејство“.

Понатаму, за овој аспект на изборниот процес пишува:

Анализите после изборите укажуваат дека таа изгубила гласови токму онаму каде најмногу се надевале – кај обоените жени, бидејќи, мажите притискале да победи кандидат кој е маж; истите веројатно гласале за демократот Бајден на претходните избори и тоа онаму каде тој убедливо доминираше пред 4 години, токму во таканаречените колебливите сојузни држави. Сега неговата заменичка не успеа токму во тој ареал – тука е забележен практично најголем пад на популарноста на либералната мисла.

„Ова е машки, машки свет“, пееше Џејмс Браун пред речиси шест децении и тука многу работи не се смениле. Кандидатурата на Харис само појасно ги повлече цртите на постојаната сегрегација на полова основа, а ако ги гледате посетителите на нејзините митинзи, тоа беа токму жени со црна боја на кожата. Очевидно ги немало доволно и денес тие се многу разочарани, а и загрижени. Каде оди нашето општество!? – си велат. Констатираат на свој начин дека постои аномија, длабока поделеност во општеството (термин кој го даде социологот Диркем).

Колективната свест, која ја содржи и колективната идеја и општествените норми, има карактер на објективна општествена димензија. Таа е супериорна во однос на индивидуалната свест поради принудата која постои во неа.

„Колективните мислења, идеи, чувства и правила на однесување синтетизирани во морал, обичаи, право и религија ги обврзуваат сите поединци на одреден начин на однесување и делување”, цитира доц. д-р Јасмина Трајковска во „Публикум“ и продолжува – „се смета дека едно општество е заболено од аномија доколку постојат општествени норми и вредности кои овозможуваат системот да не функционира. Заеднички карактеристики на општествата со овој тип на аномија се судири и општо непријателство. Аномија настанува и кога се прави неефикасна промена на нормите, вредностите и правилата во рамките на политичкиот систем, тоа подразбира состојба во која се организираат промени, но без потребни упатства за начинот како ќе се реализираат промените. Во овој случај неминовно се доаѓа до расчекор помеѓу нормативното и реалното. Поради овие причини бројни автори утврдуваат дека постои каузалност помеѓу аномијата и девијантните однесувања. Немање на доволно поддршка за сопствено делување во општествен контекст, соочени со сопствените потреби и аспирации, поединците почнуваат да практикуваат општествено уништувачки средства“.

Познатата актерка Џулија Робертс креираше спот каде емотивен поттик беше токму убеденоста кај неа дека голем дел од гласачите преку машката супериорност и притисокот врз своите жени и ќерки да гласаат како што тие посакуваат можат да бидат пресудни за самите нив. Но тој спот дојде предоцна за да има голем ефект, а нервозниот Трамп веднаш го нападна! Рече дека сопругите треба да бидат слушани од нивните сопрузи и дека спотот не е добар, како што објави Еуроњуз.

Впрочем, имало дури и Порториканци кои гласале за Трамп, иако човек од неговата кампања го нарече Порторико „пловило полно со ѓубре“, што, се подразбира, плови кон бреговите на САД. Еднакво на тоа, забележено е и шокантно славење на латиносите по нивните квартови после победата на Трамп, иако токму тие беа во центарот на кампањата на ново-стариот претседател, кој смета дека реката Рио Гранде треба да биде некаков Кинески Ѕид. Сегрегираните семејства преку гласањето, како да му укажуваат на колективниот Мастер дека брзо се прилагодиле на правилата, обичаите и вредностите на мнозинството во новата татковина!


ПРОЧИТАЈТЕ ЈА ЦЕЛАТА АНАЛИЗА НА ОВОЈ ЛИНК:

АМЕРИКАНСКИ ИЗБОРИ: Ова е машки свет

Tags: абортусИзбори во САДКамала Харисродова рамноправностсегрегација
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ