Сенаторот Чак Шумер побара да се истражи апликацијата „Faceapp“, која што ги изменува сликите на корисниците и ги прави помлади или постари.
На Tвитер во објавено писмо, Шумер вели дека е „исклучително“ загрижувачки тоа што приватните податоци на многу американски државјани можат да одат во посед на „една странска непријателска сила“.
Компанијата која ја креираше апликацијата е со седиште во Петерсбург, Русија.
„Wireless Lab“, меѓутоа, вели дека не ги чуваат засекогаш сликите и дека не собираат податоци од корисниците.
„Повеќето од фотографиите се бришат од серверите на компанијата после 48 часа од моментот на симнување“, се вели во соопштението на компанијата „Wireless Lab“.
Шумер, сепак, побара од ФБИ и Федералната комисија за трговија да ја истражат апликацијата „Faceapp“.
А. Мехмети