• Latest

Американскиот амбасадор во Косово: Никој не смее да го негира масакрот во Рачак

January 15, 2022
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Американскиот амбасадор во Косово: Никој не смее да го негира масакрот во Рачак

January 15, 2022 15:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер порача дека „никој не смее да го заборави и да го негира“ масакрот на српските сили врз албанското цивилно население во косовското село Рачак, кој беше повод за интервенцијата на НАТО во Косово и Србија во 1999 година.

На денешното одбележување на 23-годишнината од масакрот, Ховениер истакна дека тогашнта акција на српската полиција претставуваше „намерен злосторнички чин кој имаше за цел да посее страв кај Албанците”.

– Никој не смее да го заборави и да го негира тоа што се случи тука или зошто САД и нашите сојузници се кренаа во одбрана на народот на Косово. Одговарајќи на овие ѕверства, САД во соработка со сојузниците од НАТО дејствуваа во одбрана на незаштитените цивили, во име на мирот, слободата и стабилноста. Овие цели ги претставуваат јасно американските и западните вредности. Ние веруваме дека сите народи, без оглед на етницитетот, заслужуваат да живеат во слобода, порача Ховениер во Рачак.

Негирањето и глорифицирањето на воените злосторства, рече тој, „го валка споменот на убиените и го спречува напредокот на регионот”.

– Свесни сме за обидите за ревидирање на мошне добро документираната историја на масакрот во Рачак и за минимизирање или погрешно толкување на фактите околу тие ѕверства… Мирот и правдата доаѓаат со признавањето на злосторствата од минатото. Ова е од пресудно значење за тоа таквите злосторства да не се случуваат. Прифаќањето на вистината е само првиот чекор на правдата, порача Ховениер.

На денешното чествување во Рачак присуствуваа голем број личности од јавниот и политичкиот живот на Косово, меѓу кои и претседателката на државата, Вјоса Османи, собранискиот спикер Глаук Коњуфца и премиерот Албин Курти, како и дипломати, опозициски лидери и поранешни команданти и припадници на Ослободителната војска на Косово.

На 15 јануари 1999 година во селото Рачак беа убиени 45 невооружени Албанци. Тогашниот амбасадор на ОБСЕ во Косово ден по масакрот го посети селото, а неговиот извештај, во кој настанот го оцени како злосторство против човештвото, беше повод за 78-дневната (од 24 март до 10 јуни 1999-та) интервенција на НАТО против СР Југославија и Србија, што резултира со протерување на српската војска, полиција и паравоени формации од Косово. По тоа, на 17 февруари 2008 година, уследи прогласувањето на независна Република Косово, која е признаена од над сто држави во светот. Тогашната македонска Влада ја призна независноста на Косово во октомври истата година. /МИА

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ