• Latest
Фото: amnesty.org

Амнести интернешнал: Светските сили дозволиле тешките кршења на човековите права да минат неказнето

March 29, 2022

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025

Реакции: Банките нетранспарентни и нефлексибилни; Најголеми лихвари заштитени со закон

May 13, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Не е сѐ политика: Стари љубови и љубовници – сенки што не бледнеат

May 13, 2025
Ерол Ризаов

Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

May 13, 2025
фото: РЕК

РКЕ: Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1.000 потрошувачи од косовскиот пазар

May 13, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Амнести интернешнал: Светските сили дозволиле тешките кршења на човековите права да минат неказнето

Ова што се случува во Украина можевме да го видиме во Сирија, изјави главната секретарка на Амнести интернешнал, Агнес Каламард, посочувајќи ги намерните бомбардирања на цивилната инфраструктура, куќи, домови, училишта.

March 29, 2022 19:30
in ВЕСТИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: amnesty.org

Фото: amnesty.org

Share on FacebookShare on Twitter

Амнести интернешнал ги обвини светските сили дека создале плодно тло за серија судири што се случија во текот на минатата година, а резултираше со кршења на човековите и хуманитарните права во големи размери.

Во денеска објавениот годишен извештај организацијата што ги следи состојбите со човековите права во 154 држави во светот наведува дека меѓународната заедница минатата година гледала како се „раѓаат нови, а се продлабочуваат нерешените судири“.

– Во Авганистан, Буркина Фасо, Етиопија, Израел и Палестинската територија, Либија, Мјанмар и Јемен, да наведеме само неколку, судирите резултираа со кршење на човековите права и хуманитарното право во големи размери, се наведува во извештајот.

Светските сили, притоа, се додава во документот, дозволиле тешките кршења на човековите права да минат неказнето.

– Многу ретко стигна меѓународен одговор. Во премал број случаи видовме правда и одговорност на дело. Наместо тоа, судирите се проширија, пишува Амнести интернешнал.

Особен презир организацијата изразува кон Запад поради нивниот одговор на коронавирусот надвор од своите граници, користејќи ги односите со големите производителите на вакцини за дополнително да создадат нееднаквост меѓу богатите и сиромашните во светот.

– Земјите со висок БДП наталожија големи количества вакцини, милиони дози повеќе отколку што можат да искористат и тие земји можеа да ја вакцинираат својата популација и по пет пати повеќе, се наведува во извештајот.

Особено жестоко се критикуваат земјите од ЕУ, Норвешка, Швацарија и Велика Британија, како држави што се спротивставиле на предлогот на интелектуално сопствеништво за вакцините против коронавирусот.

– Во меѓувреме фармацевтските компании, поддржани од моќните влади, своите пратки со вакцини ги насочија кон богатите држави, тврди АИ.

Организацијата ги осудува и нападите врз човековите права под изговор на борбата против ширењето на вирусот, потсетувајќи на насилното задушување на протестите низ целиот свет, особено во Камерун, Брегот на Слоновата Коска и Чад.

Во врска со руската инвазија врз Украина, АИ предупредува дека се работи за „повторување на Сирија, со воени злосторства што се таложат за нешто повеќе од еден месец колку што траат судирите“.

– Ова што се случува во Украина можевме да го видиме во Сирија, изјави главната секретарка на Амнести интернешнал, Агнес Каламард, посочувајќи ги намерните бомбардирања на цивилната инфраструктура, куќи, домови, училишта.

Истовремено, Русија е обвинета дека ги користи хуманитарните коридори како „смртоносни замки“.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ