• Latest
Ерол Ризаов

Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

May 13, 2025

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026

Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

May 12, 2026

Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

May 12, 2026

ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

May 12, 2026

Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

May 10, 2026

VSquare: Тивкото протерување — Како Унгарија засолнуваше руски шпион сѐ додека Орбан не падна

May 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

    Инфлација од 1,3% во април 2026: Најголем скок во храната и транспортот

    Фптп: Скриншот од видео на Guardian

    Нов правен пораз за Трамп – блокирани глобалните царини и најавени огромни рефундации

    Румен Радев / Фото: МИА архива

    Радев официјално ја презеде власта: Нова политичка ера во Бугарија меѓу реформите и геополитичките дилеми

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Дебата за политичките состојби во изборен контекст: Контрола на штетата и продолжување на политичкиот рок на траење на власта

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

    Звукот на привикнувањето

    Светски ден на слободата на медиумите: Помеѓу европските реформи и реалноста

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Новинарство без слобода не бива. Прашањето е – колкава е таа слобода

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СТАВОВИ

Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

Ќе престанат ли конечно лагите дека врвен државен интерес е членството на Македонија во ЕУ и дека евроинтеграцијата и натаму останува најголемата и цел на оваа власт

May 13, 2025 11:47
in ПОЛИТИКА, ПРОЦЕСИ, СТАВОВИ
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

ЕРОЛ РИЗОВ

Ќе престанат ли премиерот Мицкоски и владините министри конечно со лагите дека врвен државен интерес е членството на Македонија во Европската унија и дека и натаму евроинтеграцијата останува најголемата и цел на оваа власт. Нивната највисока  определба е партискиот интерес, а тоа е да победат на локалните избори и да освојат апсолутна власт и да воспостават режим. ВМРО-ДПМНЕ не може да функционира ако не владее авторитарно и ако нема измислени непријатели и предавници.

Очигледно е дека предизборната коруптивна кампања е во полн ек со нови задолжувања од стотици милиони евра. Реформите и членство во ЕУ можат да почекаат уште некоја деценија е нескриената опасна доктрина на губење скапоцено време и пропуштање на шансата која ја предизвикаа големите геостратегиски промени во светот. Домашната блокада на почнатите преговори со ЕУ остануваат и натаму на сила додека конечно целосно не се обезвреднат постигнатите резултати за кои мислевме погрешно дека се доведени до точка од која нема враќање. Но, ете, ВМРО-ДПМНЕ и тоа може да го постигне и да ја врати државата на почетна позиција во односите со ЕУ со уште понеповолни условувања, како што и се случуваше во изминатите три децении.

Гледано од денешен аспект доколку имавме консензус околу првичните отстапки кои ни беа наметнати денес Македонија можеше да биде членка на НАТО и на ЕУ уште пред 15 години со промена на уставното име само за надворешна употреба и без задирање во други билатерални уцени и историски комисии. Имавме извонредни ситуации за кои требаше поголема храброст во трката кој побрзо ќе стане членка на ЕУ, па ние да поставуваме услови на тие што денес ги злоупотребуваат статутарните одредби на ЕУ.

До каде стасува визијата на владата?

Во зависност од големината на победата на комуналните избори можни се и предвремени парламентарни избори. Ете, до таму стасува „визијата“ на владата за иднината на Македонија која на патот на прогресот и европеизацијата е вовлечена  во катастрофална неизвесност.

Сегашните изнасилени драматични изјави дека врвен  државен приоритет се реформите, преговорите и членството во ЕУ е трагокомичен обид да се пресретнат и обезвреднат вестите дека Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија се со голема извесност новите членки на ЕУ. Како што ќе се потврдува оваа вистина, за која до неодамна се тврдеше дека е лага и дека ќе нема нема проширување на ЕУ, така во Македонија ќе се драматизираат во јавноста партиските кампањи за лицемерната протекционистичка Европа. Ќе се леат повторно  солзи за големата неправда на вавилонската ороспија. Ќе се плаче за велепредавствата на националните интереси, за изгубениот идентитет, иако никој не го изгуби, за јазикот „откорнат“, иако е на своето место на светската лигвистичка  мапа, за промена на името на државата и на славната ни историја, иако си остана  суштинското име со географската додавка северна која и натаму останува единствена држава во светот која го носи името Македонија.

Во немање идеја како да се постигне консензус за отстапките се обвинува слабата опозиција која со ништо не може да ги попречи одлуките кои се неопходни за продолжување на преговорите со ЕУ и спроведување на реформите. Власта и нивните медиуми силно и срамно удираат по опозицијата која прифати јавно да ги поддржи уставните промени. Стравот на власта е дека така ќе се откријат големите предизборни лаги за „велепредавствата“ со прифаќање на договорите со Грција и со Бугарија, без оглед што уставните промени доколку се стават на дневен ред во Собранието можат да се донесат речиси едногласно и што Бугарите ќе бидат признати како малцинство со еднакви права и обврски како и сите 11 делови од народи што живеат во Македонија. Се бараат гаранции од Брисел и од Бугарија дека ќе нема други вета при преговорите, а се премолчува дека најсилната гаранција за членство во ЕУ се успешно спроведените реформи кои се влезени во сите партиски и владини определби, а кои никако да се спроведат.

Што ќе се случува по влезот на Албанија во ЕУ

Само малкумина мислечки луѓе, јавни личности и новинари ги поставуваат вистинските прашања на кои ниту премиерот, ниту владата, ниту владејачките партии даваат рационален одговор. Што ќе се случува во Македонија по влезот на Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија и со тоа да престане приемот на нови членки на неопределено време.

Колку и да изгледа невозможно гледано од денешен аспект на состојбите Србија може да стаса пред Македонија како членка на ЕУ.  Високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ до неодамна тврдеа дека Албанија нема шанси да ги почне преговорите пред Македонија. Но, тоа се случи. Тие функционери тврдеа дека членството на Албанија во ЕУ е речиси невозможно. А вчера претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изјави дека има големи шанси Албанија и Црна Гора да влезат во ЕУ и пред 2030 година. Во политиката таквите пресврти се случуваат преку ноќ поради геостратегиските интереси на големите сили кои оваа власт не ги препознава, а и тоа што добро го знае, го игнорира.

Закоравениот став на Македонија да не се донесат уставните измени уште повеќе ќе ги ослабнат нејзините позиции, по што ќе уследат нови фактури и условувања. Наместо залудно да изигруваме лажни јунаци и патриоти само за домашни потреби влечејќи за уши и навредувајќи ги високите функционери на ЕУ многу покорисно за државните интереси е да се размисли за последиците од таквата разврска на уште една испуштена голема шанса да се извлечеме од балканската калдрма. Цената на изгубените шанси и придобивки од членството во ЕУ е многу поголема од наметнатите отстапки.

Премиерот и владината коалиција немаат навистина поголем државен интерес од спроведување на реформите и продоложување на преговорите со ЕУ за членство на Македонија, но на тоа треба и да поработат, а не да ја лажат јавноста и да поставуваат услови на ЕУ. За тоа имаат отворена поддршка и од опозицијата и понудена рака за консензус што досега ниту еднаш не се случило во Македонија кога ВМРО- ДПМНЕ било во опозиција. Напротив. Сите обиди за тоа завршувале со блокади и тревоги за изгубениот идентитет. Идентитетот не го изгубивме, ама на добар пат сме да се збогуваме со Европа и да го изгубиме патот во сопствениот двор.

Има уште неколку клучни прашања на кои премиерот Мицкоски и коалициските партнери треба сериозно да се замислат и да најдат одговори. Дали Арбен Таравари и Алијанса ја напуштаат коалицијата на власт само поради локалните избори и соработката со ДУИ, или во прашање е и блокадата на владата на преговорите со ЕУ. Трипартитната „Вреди“ својата цврста определба за членство во ЕУ, како еден од главните предуслови за партнерство со ВМРО-ДПМНЕ, како да заборави на ова ветување и својата политичка активност главно ја насочи кон натамошна пресметка со опозициската ДУИ и со попуштање за укинувањето на некои стекнати позиции со видлива сервилност кон доминацијата на ВМРО-ДПМНЕ.

И „Вреди“ и ВМРО-ДПМНЕ се ужаснати од евентуална соработка на Таравари со ДУИ. Би бил многу интересен одговорот на премиерот Христијан Мицкоски дали во некои други околности би соработувал со ДУИ и би стапил во коалиција ако по вонредни парламентарни избори резултатите на двете политички партии овозможуваат комотно мнозинство во Собранието.  Ако се земат предвид досегашните искуства на долгодишна децениска поделба на владата меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ тоа би било изненадување само за наивните.

Текстот е личен став на авторот. Преземено од Независен

Tags: евроинтеграцииЕУМакедонијаХристијан Мицкоски
Share33Tweet21Send
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ