Categories

ЕКОЛОГИЈА Амнести Интернешнл: Електричните автомобили и не се така „зелени„

Амнести Интернешнл ја осуди индустријата за електрични возила која се претставува како пријател на околината, а, како што наведуваат оттаму, произведува батерии „со помош на фосилни горива и неетички собрани материјали“.

Во извештајот се наведува дека производството на батерии е штетно за околината и за озонот поради емисијата на јаглерод, додека пак, снабдувањето со материјали за батериите е поврзано со кршење на човековите права, како што се оние околу детскиот труд.

„Електричните возила се клуч за оддалечување на автомобилската индустрија од фосилните горива, но тие во овој миг не се етички како што би сакале да ги гледаме. Подрачјата за изработката на литиум-јонски батерии најмногу ги има во Кина, Јужна Кореја и Јапонија, а при самото создавање на енергијата се согорува многу јаглен и други фосилни горива“, стои во документот.

А.М.

Print Friendly, PDF & Email