Францускoто обвинителство малтретира седум новинари заради откривање продажба на оружје на француската влада на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.
Новинарите откриваат дека тие се употребувале против цивили во граѓанската војна во Јемен, но француските власти не сакаат да се обзнани нивната вмешаност во трговијата со оружје.
Во април, истражниот медиумски аутлет „Дисклоус“ ги објави „Јеменските хартии“. Седумте новинари се повикани на сослушување од страна на разузнавачките служби, откако канцеларијата на париското обвинителство отвори прелиминарна истрага против нив за „откривање на национална тајна за одбрана“.
Тие се третираат како осомничени и над нив се вршисе притисок да ги откријат своите извори и може да се соочат со кривични пријави. Амнести интернешнл поднесе петиција со повик до обвинителството, која гласи – Вашиот глас е потребен сега – повикајте го Обвинителот да ја затвори истрагата против новинарите на „Дисклоус“.
Д. Т.












