• Latest

Ѕанакопулос: Се надевам дека набргу ќе стигнеме до заемно прифатливо решение

March 26, 2018

24 ЧАСА: Рускиот амбасадор осуетен да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава; уапсен убиецот на Чарли Кирк; кандидат за градоначалник на Скопје трча кон Москва

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Велика Британија го отпушти амбасадорот во САД, Питер Манделсон, поради врски со Епштајн

September 12, 2025
фото: скриншот Х

Уапсен осомничениот за убиството на Чарли Кирк

September 12, 2025

Најчесто поставувани прашања поврзани со практични аспекти на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ (1)

September 12, 2025

Јаневска и Мицкоски со кратки нозе

September 12, 2025

САД го суспендираат планираниот стратешки дијалог со Косово поради активностите на привремената влада

September 12, 2025

Жестока реторика и меѓусебни обвинувања: Се заоструваат изборните судири меѓу партиите на Албанците во Чаир и Тетово

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Белорусија и Русија започнаа заеднички воени вежби „Запад-2025“, по маневрите во 2021 започна целосна инвазија на Украина 

September 12, 2025

Амет: Ромите не се проблемот на Скопје, туку дел од решението и промените што треба заедно да ги донесеме

September 12, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинителство за Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании

September 12, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ѕанакопулос: Се надевам дека набргу ќе стигнеме до заемно прифатливо решение

March 26, 2018 11:57
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Надеж дека што е можно побргу ќе се најде заемно прифатливо решение за прашањето за името, изрази портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос.

Говорејќи за радиото „Сто Кокино“, објасни дека ова решение треба да биде во рамката што ја опишува Атина.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ѕанакопулос рече дека разговорите во Скопје биле во многу добра клима, но сепак, сѐ уште има долг пат да се помине и потребна е доста работа за постигнување договор. Тој смета дека постојат политички предуслови за решение, но останува да се најдат и техничките предуслови.

– Политичката волја е декларирана и од двете страни.  Сепак, уште постојат технички прашања, правни прашања и прашања на реална спротивставеност на ставовите за низа прашања. Знаете дека власта на поранешната југословенска Република Македонија поставува некои прашања во однос на уставната ревизија, ние од наша страна инсистираме на ревизија на Уставот во однос на името на соседот, бидејќи тоа е потребно за да важи условот ерга омнес. Во оваа рамка продолжуваат разговорите и се надевам што е можно поскоро ќе стигнеме до заемно прифатливо решение во рамката што многу пати беше опишана од грчката влада, вели Ѕанакопулос.

Портпаролот на грчката влада објаснува дека она што во овој момент е важно, не е сложеното име, туку да се најде решение за сите останати политички и технички прашања за двете страни да стигнат до договор.

Во однос на тоа дали владата би имала мнозинство за евентуалниот договор да биде изгласан во парламентот, Ѕанакопулос вели дека доколку се постигне решение за сложено име што ќе важи за сите и за севкупна употреба, тогаш ќе се обезбеди поширок парламентарен консензус

[divide]

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГрцијаМакедонијарешениеспор
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result