• Latest

Аналитичари: „Бугарскиот диктат“ е само во главата на Мицкоски, преговарачката рамка предвидува уставни измени

September 11, 2023
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Аналитичари: „Бугарскиот диктат“ е само во главата на Мицкоски, преговарачката рамка предвидува уставни измени

September 11, 2023 14:11
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Внесувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот беше предвидено и прифатено во преговарачката рамка од 27-те држави членки на ЕУ. Секоја изјава дека тоа е диктат на Бугарија е пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ, зад која се кријат партиски интереси за лукративна моќ“, вели за „Фронтлајн“ Исмет Рамадани од Евроатлантскиот совет на Северна Македонија.

Исмет Рамадани
Исмет Рамадани

– Воведувањето на Бугарите во Уставот беше предвидено и прифатено во преговарачката рамка од 27-те земји на ЕУ. Затоа, секоја изјава дека тоа е диктат на Бугарија е пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ, зад која се кријат партиски интереси за лукративна власт. Ваквиот став на Мицкоски е прекумерна злоупотреба на чувствата на значителен дел од македонскиот народ. За жал, овие позиции се во спротивност со стратешката цел на Северна Македонија кон членство во ЕУ. Може да се оквалификуваат и како антидржавни. Одговорноста на Мицкоски е нешто повеќе од демократски политички став, оценува Рамадани.

Нано Ружин
Нано Ружин

Поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин, вели дека во недостаток на одбрандбени аргументи за неприфаќањето на уставните промени, опозицијата и пред сè Мицкоски бара секакви изговори за да може да најде оправдување и пред Европската унија, пред членството и пред меѓународната заедница.

– Мицкоски бара изговори со кои ќе го оправда неговото одбивање за надополнување на Уставот. Во суштина тоа е стар трик во политиката и добро е што ние зборуваме за влогови односно таканаречени премии во полтиката за да се разоткрие зошто е тоа така. Јасно е дека тој сака предверемени парламентарни избори, бидејќи според негови проценки јавното мислење е наклоното кон таквата негова политика. И еден студент знае дека рамковата обврска кон ЕУ, пред сè е прашање меѓу два субјекти, од една страна ЕУ, а од друга Република Северна Македонија. Бугарија нема никаква врска со ова прашање, но тој ги подгрева страстите, тоа е старт трик во полтиката само да убеди зошто не треба да дојде до надополнување на Уставот, изјави Ружин за „Фронтлајн“.

Според него, бидејќи премногу отиде со својото одбивање, Мицкоски не може постојано да ги менува политиката и да каже сега прифаќаме дополнување на Уставот.

– Во тој слулај неговата кампања и политика би биле осудени на целосен неуспех, затоа се измислуват разни елементи, подвлекува Ружин.

Ќенан Алиу

Политичкиот аналитичар Ќенан Алиу вели дека одобрувањето на преговарачката рамка има статус на документ на ЕУ.

– Но, се разбира дека овој документ е составен како резултат на ветото покренато од Бугарија како членка на ЕУ. Фразата што Мицкоски ја користи како „бугарски диктат“ има врска со секојдневната политичка пропагандна, вели Алиу во изјава за „Фронтлајн“.

Интервју на претседателот Пендаровски за Фронтлајн и Цивил Медиа. Фото: Ангел Ангеловски

Претседателот на државата Стево Пендаровски во ексклузивното интервју за „Фронтлајн“ во соработка со ЦИВИЛ Медиа, меѓудругото зборуваше и за политичките актуелности во земјата.

Тој истакнува дека стратешкиот договор со САД и членството во НАТО се гарант за стабилноста на државата и за регионот во целина, рече Пендаровски за актуелната политичка состојба во земјата, Пендаровски нагласува дека наративот што за неопходните уставни измени го користи опозицијата е директно спротивeн на македонските стратешки, национални и државни интереси.

– Една од најголемите навреди на интелигенцијата на македонскиот граѓанин е кога европската преговарачка рамка ќе ја наречеш „бугарски диктат“, вели Пендаровски во интервјуто за Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа.

И додека во државата трае дебатата за уставните измени, Европската унија прави скрининг на сите 33 поглавја за пристапување: од заштита на потрошувачите, до надворешна политика за да види што Северна Македонија треба да направи на секое политичко поле за да стане членка. За отворање и за затворање на кое било од поглавјата сите земји членки мора да дадат зелено светло.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ