• Latest

Анализа на хрватскиот портал Лупига: Настани во 2024 година што влијаеа на правата на жените во Хрватска, Србија и БиХ

January 22, 2025
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Анализа на хрватскиот портал Лупига: Настани во 2024 година што влијаеа на правата на жените во Хрватска, Србија и БиХ

January 22, 2025 12:23
in АНАЛИЗИ, РЕГИОН, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

За проблемите што ги засегаат исклучиво жените, а кои често се занемаруваат во политичкиот и општествениот дискурс, нивните секојдневни борби, пречки и предизвици често кои остануваат во сенка, и покрај нивната клучна улога во општествениот напредок, хрватскиот портал Лупига  излезе со анализа на ретроспективни прегледи за 2024 година.

Свои согледувања и препораки за најважните настани кои влијаеа на правата на жените и актуелните предизвици, во Хрватска, БиХ и Србија , во интервјуа за  Лупига споделуваат проф. Бранка Галиќ, , раководителка на Катедрата за социологија на родот, Филозофски факултет на Универзитетот во Загреб, Сајра Кустура, активистка на ОН од Босна и Херцеговина, и Јована Глигоријевиќ, новинарка и уредничка од Србија.

Проф. Галиќ  предупредува на големиот проблем на подносителите кои лобираат против женските човекови права, со поддршка и заштита на државата. Вакви собири се одржуваат секоја прва сабота во месецот низ цела Хрватска.

Галиќ се осврнува на мешањето на Црквата во правата на жените, односно на отпорот за на црквата кон родовите студии во Хрватска.

„Во однос на правата на жените, би го издвоила огромниот црковен отпор за апликацијата за акредитација на родови студии во Хрватска, како да е тоа најлош вид на криминал, против кој Црквата никогаш ни од блиску не спротивставила на начинот на кој се спротивстави на обидот за акредитација на родови студии, а кој заврши негативно за студиите, само затоа што црковните власти се спротивставија, односно од идеолошки и политички причини, иако во јавноста се продаваат флоскули дека Универзитетот е „автономен“ во своето дејствување, вели Галиќ.

Што се однесува до светските услови, еден од најлошите настани што директно ја погодува женската популација е военото уништување, посочува Галиќ и потсетува на секојдневните страдања – од трудниците, до новородени деца во услови на војна.

Земјите од регионот се соочуваат со заеднички предизвици, а еден од најитните е фемицидот и зголемувањето на насилството врз жените. Во исто време, забележан е значителен пораст на бројот на пријави за насилство, што укажува на зголемена свест кај жените кои одбиваат да бидат затворенички во својот дом.

Активистката на ОН Сајра Кустура од Бих  која работи неуморно на почитување на правата на жените и маргинализираните групи, алармира за семејното насилство и фемицидот.

„Како активна следбеничка на сите клучни настани кои имаа влијание врз статусот на жената во нашата земја, особено во контекст на семејно насилство и фемицид, свесна сум за сериозноста на алармантните статистики и трагични случаи кои, за жал, станаа многу чести.

Би сакала да нагласам дека криминалната политика кон сторителите на насилство, вклучително и сторителите на фемицид, сè уште не е доволно ригорозна. Мора да бидеме експлицитни во укажувањето на потребата од построго казнување, бидејќи само јасно дефинираните закони и нивната доследна примена можат да бидат ефективно средство за превенција“, вели Сајра Кустура од БиХ.

„Како поединци и како заедница, треба да бидеме подобри, не само во институционална смисла, туку и во нашите секојдневни интеракции – во секое наше дејствување – како родители, ќерки и синови, пријатели, колеги и граѓани. Задачата на секој од нас е да придонесе за создавање на општество во кое жените ќе бидат заштитени, почитувани и сакани“, вели оваа млада активистка.

За законодавните решенија, правното гонење на насилниците и убијците, како една од систематските рани во Србија каде што во минатата година беа убиени 17 жени, зборува српската новинарка Јована Глигоријевиќ.

„Имавме помалку фемициди од претходните години и тука завршуваат нашите добри вести. Имавме обид да му застанеме на патот на акушерското насилство, но обвинителството не презеде ништо. Работата да биде уште полоша, нашиот Закон за родова еднаквост е привремено суспендиран, бидејќи се разгледува неговата уставност“, посочува Глигоријевиќ.

Таа смета дека има многу поединци во владата и во општеството на кои им пречат термини како родово чувствителен јазик.

„Целата работа е бизарна бидејќи овој закон помина низ долга и темелна јавна расправа, а беше повлечен кога веќе стапи во сила бидејќи на поглаварот на СПЦ му пречеше родово чувствителниот јазик. Потоа излегоа оние кои на јавната расправа го оценија законот како добар. На пример, заштитникот на правата на граѓаните Зоран Пашалиќ. Значи, некој што треба да ги штити правата на сите граѓани сега ја дискриминира жената“, истакнува новинарката Глигоријевиќ од Србија.

Подготви: Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ