• Latest

Анализа на спроведувањето на пописот: И бојкотирачите се изброени

December 14, 2021
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Анализа на спроведувањето на пописот: И бојкотирачите се изброени

December 14, 2021 15:19
in АНАЛИЗИ, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Според податоците од  Државниот завод за статистика, Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија заврши успешно. Попишани се 1.832.696 лица, 568.175 домаќинства и 837.255 станови, а се самопопишале 204.805 македонски државјани, најмногу од западноевропските земји, а многу помалку од прекуокеанските земји.

ЦИВИЛ како општествено одговорна организација го следеше процесот на пописот на населението на Република Северна Македонија, од раните најави до конечното реализирање, односно спроведување на операцијата.

Последниот спроведен попис во земјава е одржан во далечната 2002 година, а обид за попис имаше во 2011 година, кога се прекина, а Специјалното Јавно Обвинителство покрена постапка против Никола Груевски и Али Ахмети за намерно стопирање на пописот во 2011-та година и за нанесена штета на буџетот од 3 милиони евра.

Нов попис требаше да се спроведе во април годинава, но и овој пат не се одржа. По силната владина кампања за неопходноста од одржување на овој процес, и кампањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за одложување на пописот заради услови во пандемија, односно загрозување на здравјето на граѓаните, пописот во април се одложи, а голем број граѓани од дијаспората веќе се попишаа во првата фаза на процесот, односно во фазата на попис на македонски граѓани со престој надвор од државата.

Пописот се спроведе од 5 до 30 септември, а електронското попишување на државјаните на Република Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, кое беше започнато во април, продолжи до 30 септември. Статистичката операција се спроведе со комбиниран метод, со електронска апликација која попишувачите ја пополнуваа на терен.

Во однос на потребата на оваа важна статистичка операција како и очигледната политизација на истата во минатото, ЦИВИЛ во текот на изминатата и оваа година одржа бројни јавни настани со претставници на локалната власт, како и со главните чинители на пописот.

Со оглед на фактот што долгогодишното одлагање на пописот, како и последното, коешто дојде како последица од компромисното решение помеѓу власта и опозицијата, заради спроведување на пописот во услови на пандемија со КОВИД-19, оваа статистичка операција доведе до различни погледи од страна на граѓаните.

ЦИВИЛ, како дел од своето мониторирање на целокупниот процес на пописот, спроведе анкета со неколку прашања до претставници од невладиниот сектор и граѓанското општество.

Прашањата беа внимателно составени од тимот за мониторирање на пописот, имајќи го предвид целокупниот склоп на околностите под кои се спроведе статистичката операција, како што е комбинираниот метод, содржината на прашањата, кампањата од одредени политички структури за бојкот на пописот, почитување на протоколите за заштита од КОВИД-19, итн. На прашањата има 219 одговори.

Квантитативна анализа

Прашалникот се состои од десет прашања, а во продолжение се резултатите од одговорите.

На прашањето „Дали сте задоволни од спроведувањето на пописот?“, 64,7 отсто одговориле со ДА, 21,1 отсто – НЕ и 14,2 отсто – не знаат дали се задоволни од спроведувањето на пописот.

На прашањето „Дали познавате некој што не прифатил/а да се попише?“, 35,8 отсто од испитаниците одговориле со ДА, додека 64,2 отсто од испитаниците не познаваат некој што не прифатил да се попише.

На прашањето „Имате ли забелешки околу прашањата поставени на пописот?“, 37,4 отсто од испитаниците одговориле дека немаат забелешки на прашањата, 41,9 отсто одговориле дека прашањата биле делумно добро формулирани, 12 отсто немаат став, додека 8,3 отсто одговориле дека прашањата биле некомплетни и нејасни.

На прашањето Дали пописот ќе даде јасна слика што ќе послужи за градење развојни стратегии за земјата, целосно се сложуваат 30,6 отсто од испитаниците, 45,8 отсто делумно се сложуваат, 11,1 отсто не се сложуваат, 9,7 отсто се изјасниле дека е делумно неточно, а 2,8 отсто не знаат.

На прашањето „Дали се почитуваа КОВИД-19 протоколите од страна на попишувачите?“, 87,2 отсто одговориле дека се почитувале, 6 отсто од испитаниците се изјасниле дека не се почитувале, а 6.9 отсто не знаат.

На прашањето Што претставува пописот според нив, 77,1 отсто се изјасниле дека е статистичка операција, 16,1 отсто мислат дека е политичка операција, а 6,9 отсто немаат мислење.

На прашањето Дали мислат дека пописот беше злоупотребен за црна кампања, 36,4 отсто од испитаниците сметаат дека пописот не беше злоупотребен за црна кампања, 32,3 отсто сметаат дека пописот е злоупотребен за црна кампања, а 31,3 отсто немаат став.

На прашањето Кои податоци од пописот ви се поважни?, 73,4 отсто од испитаниците одговориле дека им се важни економско социјалните податоци што произлегуваат од пописот, за 16,1 од испитаниците се важни етно-националните податоци, додека 10,6 отсто немаат мислење.

На прашањето Дали иселените во странство над една година требаа да бидат попишани?, 47,7 отсто од испитаниците сметаат дека иселените во странство над 1 година не требале да бидат попишани, 35,3 отсто сметаат дека требало да бидат попишани, а 17 отсто немаат став по ова прашање.

На прашањето „Дали се попишавте?“, 95,9 отсто од испитаниците одговориле со ДА, 6 испитаници, односно 2,8 отсто се изјасниле дека кај нив не дошле попишувачи, 0,05 отсто односно 1 испитаник одговорил дека не се попишал, а 0,09 отсто односно 2 испитаници одбија да одговорат на прашањето.

Квалитативна анализа

Од одговорите на поставените прашања се забележува дека оваа целна група испитаници имаат различни искуства и гледишта во однос на спроведувањето на статистиката операција, како и различни гледишта за тоа што претставува.

Бројката од испитаници што одбија да одговорат на сите прашања, е забележителна, со оглед дека се работи за ограничен број на испитаници, што остава впечаток дека истите се индоктринирани, односно (не) одговориле на прашањата заради организиран бојкот на пописот.

И покрај големите позитивни кампањи за пописот, како и апелирањата за неполитизирање на истиот,  ЦИВИЛ оценува дека оваа операција беше исполитизирана од одредени политички субјекти со националистички наративи и злоупотреба на глобалната состојба со КОВИД пандемијата, сведена на национално ниво за ситни политички придобивки, на штета на целото општество, како и организирањето на оваа сложена статистичка операција.

Во делот на спроведувањето на операцијата, ЦИВИЛ го оценува пописот како успешен, со забелешки околу недоволните потпрашања што се однесуваат на вработување, односно поширок опсег на можности за одговори, со оглед на различните специфики на професии или деловни активности кои не спаѓаат во категоријата на вработени граѓани.

Што се однесува до граѓанките и граѓаните кај коишто не се појавиле попишувачи, директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, за ЦИВИЛ изјави дека нема да остане ниту еден човек што нема да биде дел од конечните податоци од пописот, нагласувајќи дека нивна цел била сите да бидат опфатени со теренскиот дел, што ќе се знае откако ќе се заврши со прочистување на базата.

Резултатите од пописот се очекува да бидат објавени во рок од шест месеци од денот на завршувањето на пописот, односно до крајот на март, 2022 година.

Дијана Тахири 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ