• Latest

Симовски: Користењето на податоците е ланец за успех во сите сектори

December 9, 2021

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Симовски: Користењето на податоците е ланец за успех во сите сектори

December 9, 2021 17:05
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пописот 2021 успешно се заврши и покрај сите неповолности. Сега треба да ги обработиме податоците и крајот на март, почетокот на април идната година да излеземе со конечните податоци од пописот, што е полесниот дел од работата, бидејќи зависи само од нас, без надворешни фактори. Многу сум благодарен на ЦИВИЛ што ни бевте ветер во грб и ни дадовте целосна поддршка за одржување и спроведување на пописот, истакна директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, на јавениот настан на ЦИВИЛ „Рендгенска снимка на Пописот“.

Клучната работа, според Симовски е дека покрај сите неповолности како што е пандемијата, одложувањето поради политички причини, летните одмори, отворената кампања за бојкот, како и техничките проблеми со апликацијата и тоа што бевме постојана цел на хакерски напади, пописот е успешно спроведен.

„Имавме хакерски напади и ни ја кочеја работата, но не успеале да влезат во базата на податоци, беа максимално заштитени. Вебсајтот ни беше постојано под напад, мејловите ни беа блокирани, хакирани, па баравме други скриени патишта и методи за да комуницираме со јавноста.

Попишувачите беа кај сите граѓани, дури поставивме и пунктови за секој кој не бил попишан дома да може да си го оствари своето право да се попише.

Со самото спроведување на пописот, како институција, се надевам дека покажавме, дека може да се враќа вербата во институциите во државата. Дека постојат институции кои што функционираат како што треба, дека не сме класична бирокртија и дека постоиме за другите“, изјави Симовски.

Според Симовски, пописот бил спроведен со почитување на сите здравствени протоколи и потврда за тоа е што само осум попишувачи заболеле.

„Речиси пет илјади луѓе беа вклучени во целата операција. Осум попишувачи заболеа од ковид во оваа операција и немаме досега добиено информација дека кое било домаќинство имало проблем во овој дел, дека некој да заболел затоа што попишувачот го пренел, и само еден државен инструктор во домашни услови го стекна. Тоа покажува дека ги следевме максимално поставените протоколи и тие биле навистина добри“, истакна Симовски.

Панел на ЦИВИЛ „Рендгенска снимка на Пописот“, фото Г.Н.

Симовски, уште еднаш изрази уверување, дека нема да остане ниту еден човек што нема да биде дел од конечните податоци од пописот, нагласувајќи дека нивна цел била сите да бидат опфатени со теренскиот дел, што ќе се знае откако ќе се заврши со прочистување на базата.

„Нашата обврска како институција е сите субјекти во државата да добијат навремена, квалитетна и точна информација, врз основа на кои што ќе креираат квалитетни политики, на развој, образование, економија и итн, изјави Симовски.

Симовски истакна дека сака бизнис секторот да биде нивниот главен корисник.

„Може да бидете најдобриот готвач на светот, но ако немате продукти не може да направите добро и вкусно јадење. Исто и во бизнис секторот може да биде некој многу успешен, но ако нема податоци не може да функционира.

За жал нашата земја не произведува статистичари во текот на образованието. Користењето на точни податоци е ланец за успешни политики во сите сектори. Замислете да градите училиште таму каде што нема деца, и обратно, тоа се за џабе фрлени пари. Затоа се битни податоците.

Ние постоиме заради другите, а не другите заради нас. Ние мораме да бидеме отворени и транспарентни. Ви благодарам на ЦИВИЛ за поддршката и како медиум и како невладина која постојано објавувате точни информации за пописот“, нагласи Симовски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ