-Во мај 2017 година од Руска амбасада побараа средба – ми соопштија на таа средба дека тие се спремни да понудат помош да не се отстапува од власт. Јас им реков дека не носам одлука и дека ќе ја пренесам пораката. Имаше и втора средба, понудата беше одбиена. Никогаш не сум бил ничив шпиун, не па руски, изјави Оливер Андонов во емисијата на Васко Ефтов.
Андонов додаде дека шест месеци подоцна, ноември 2017, после поразот на локалните избори, повторно седнал со Русите и му кажале дека веќе не давале поддршка на Груевски бидејќи политички бил мртов.
Сфаќам дека не’ сработија Русите, рече Андонов.
Според него, има информации дека Мицкоски редовно комуницира со руска амбасада. А тие на членови на ВМРО-ДПМНЕ им зборуваат против Мицкоски и ги насочуваат кон Апасиев.
Се имам видено со Груевски во Будимпешта, потврди Андонов.
Андонов вели дека Мицкоски има обврска да каже со кои фирми договарал набавка на јаглен од Индонезија? Ние можеме да увеземе нафта од други места, но не од Русија и други сателити на Русија.
Мицкоски ја дефакторизираше партијата, нагласува Андонов.
Д.В.












