• Latest

Андоновиќ: Тие што пропагираат и се проруски настроени сигурно гледаат западни филмови, слушаат западна музика и децата ќе ги пратат на школување во Запад, а не во Москва

April 22, 2022

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Андоновиќ: Тие што пропагираат и се проруски настроени сигурно гледаат западни филмови, слушаат западна музика и децата ќе ги пратат на школување во Запад, а не во Москва

April 22, 2022 15:10
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Има незначително руско влијание во нашата држава. Оние пратеници кои се во Собрание, а кои се проруски настроени мислем дека се незначителни, бидејќи нашата држава секогаш одела кон Западот. Тие што пропагираат дека се проруски настроени сигурно гледаат западни филмови, слушаат западна музика, децата ќе ги пратат на школување во Запад, а не во Москва“, истакна Дејан Андоновиќ, новинар во Слободен Печат, на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија“.

„Дезинформациите и пропагандата во медиумите се манифестираат со тоа што лажните информации доаѓаат до луѓето кои ги конзумираат тие информации и на некој начин им се искривуваат гледањата за одреден настан. Во случајот околу војната во Украина, јас прво мора да кажам дека како новинар кој ги следи настаните од тука преку медиумите, не гледам некои дезинформации, бидејќи и нашите медиуми практично се раководат од извори кои доаѓаат од западните агенции, има влијание, според моето искуство, од српските медиуми, кои се под жесток напад, или наплив на руските информативни медиуми, па оттаму, кога нашите читатели или слушатели ги гледаат директно српските медиуми, тогаш може да дојде до некакво, да кажеме руско влијание. Но, доколку нашите граѓани ги следат нашите медиуми, тогаш со сигурност нема речиси никакво влијание, бидејќи моето искуство кажува дека сите ние што сме по редакциите, внимателно ги следиме информациите. Мора да кажам и една друга работа, како новинар, а тоа неколку пати сум го кажал, независно од се, ми се чини дека не беше добра постапката да се укинат руските медиуми, бидејќи како новинари не можеме да ја гледаме и другата страна, која ние како професионалци сигурно нема да бидеме изманипулирани од нивната вистина, но ќе можевме да ги вагаме работите кои доаѓаат и од истокот и од западот.

Но, руското влијание успеа да се протне низ новите медиуми, пред се социјалните медиуми, каде што, на некој текст што се однесува на Украина, Русија, Путин итн., имаме милиони и милиони лажни или вистински ботови или вистински адреси или луѓе кои ги критикуваат постапките на премиерот или претседателот во корист на Русија, и тука се гледа едно мало про-руско влијание. Или, ако се тоа вистински луѓе, тогаш ни е јасно и зошто тоа го коментираат. Доколку се ботови, тоа е друга приказна која нема врска со информациите, туку се тоа веќе компјутери и информатика, вели меѓу другото Андоновиќ.

Тој вели дека нашите медиуми се зависни од другите медиуми кои известуваат од лице место од Украина. Кај нас вестите за Украина најчесто се преземаат од српски медиуми.

„Со оглед дека немаме наши македонски новинари во Украина, сепак кај нас се известува коректно. Српските известувачи од Украина се малку поруски настроени и диоментрално поразлично известуваат од тоа како ние би известувале, со оглед на тоа дека Србија не сака да биде дел од НАТО. На социјалните мрежи не треба да се забрануваат коментарите кои се проруски настроени бидејќи не треба да им се замери на тие луѓе кои се изнемоштени од евроинтеграциските процеси, дел од нив имаат симпатии можеби и поради православието. Но, како и да е се знае дека има војна во Украина, сите за тоа се информирани. Самиот податок дека се загинати околу 20.000 руски војници е шокантно и за нас тука во Скопје и за тие мајки во Москва“, истакна Андоновиќ.

Тој додава дека нашата држава отсекогаш беше проевропски настроена и смета дека руското влијание во нашата држава и помеѓу граѓаните е речиси никакво, бидејќи според него кај нас нема некој сериозен проруски политичар во македонската политичка сцена кој може да направи некакви поместувања во однос на глобалната политичка сцена. Додава дека кај нас дури и најголемата опозициска партија е за ЕУ и НАТО.

Андоновиќ потенцира дека во нашата држава недостасува стручна јавност.

камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ