• Latest

Ангеловска-Бежоска: Трендовите во финансискиот систем солидни, каматите историски најниски

September 24, 2019

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025

Меџити: Инспекторите за животна средина се на терен, компанијата поседува важечка дозвола за работа

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Речиси на полноќ, МЗ ќе им подели 2.000 маски N95 на жителите на Трубарево

September 13, 2025
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

(ФОТО И ВИДЕО) Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ангеловска-Бежоска: Трендовите во финансискиот систем солидни, каматите историски најниски

September 24, 2019 11:43
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Трендовите во нашиот финансиски систем во изминатава декада се прилично солидни. На континуирана основа, кај нас се забележува кредитен раст поддржан од растот на депозитите. Во сиот период, стапките на раст на кредитната активност во нашата економија се солидни и одржливи, и не креираат ранливости во финансискиот сектор.

Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска  во рамки на синоќешното гостување во емисијата „24 тренд анализа“ на ТВ „24“.

Според нејзините согледби изнесени во емисијата, депозитниот раст кај нас, континуирано е солиден, а особено минатата година се забележува забрзување на депозитната активност.

– Добро е што позитивниот тренд на забрзување на растот на депозитите продолжува и оваа година. Според последните расположливи податоци, годишната стапка на депозитен раст се задржува на високо ниво од околу 10 отсто. Мошне значајна е и самата структура на депозитите – трендот на денаризација продолжи, при што во актуелниот период околу 60 отсто од вкупните депозити се во домашна валута, што е значаен напредок во споредба со периодот пред глобалната економска криза кога во денари беа само околу 40 отсто од вкупните заштеди на населението и корпоративниот сектор, порача Ангеловска-Бежоска

Гувернерката истакна дека актуелните каматни стапки кај нас се историски најниски.

– Анализите за ефектите од промената на референтната каматна стапка на Народната банка, како што рече, покажуваат дека значајно се намалени активните каматни стапки, што се однесуваат на кредитирањето.

Гувернерката ја појасни заемната поврзаност на нивото на каматните стапки, поради која намалувањето на каматите на кредитирањето е проследено со намалување на каматите за депозитите. Но, притоа потенцира дека податоците покажуваат дека намалувањето на каматните стапки кај штедењето е со нешто помал интензитет од намалувањето на оние кај кредитирањето.

Осврнувајќи се на структурата на кредитирањето, Ангеловска-Бежоска истакна дека постепено забрзува кредитната поддршка на корпоративниот сектор.

– Според најновите податоци заклучно со август оваа година, кредитите наменети за овој сектор покажуват околу 40 отсто раст на вкупните кредити. Ова претставува сигнал за позитивно придвижување на поддршката што банките ја даваат на корпоративниот сектор, особено ако се има предвид и дека изминатиот период има олабавување на нивните услови во овој сегмент, рече гувернерката.

Таа додаде дека засега, според оцените на Народната банка која редовно ги следи состојбите, нема причина за загриженост во врска со растот на кредитирањето на секторот „население“. 

Одговарајќи на одделно прашање, Ангеловска-Бежоска истакна дека радува и е особено значајно што во услови кога дел од големите банкарски групи го напуштаат овој регион, една од групите од таков формат пројави сериозен интерес за натамошно поголемо инвестирање во нашиот банкарски систем, што се очекува дека ќе влијае на натамошно зајакнување на системот, како и на обезбедувањето уште поголема кредитна поддршка и за корпоративниот сектор, и за населението, а преку тоа и поддршка на економскиот раст во земјата. / МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ