• Latest

Ангеловска: Финансиската поддршка 14.500 денари по вработен е за задржување на вработените, но и на платите 

April 12, 2020
Фото: МИА

Кошта: Светскиот поредок е поткопан, руската агресија во Украина донесе војна во Европа, во Газа, хуманитарна трагедија, потребна е колективна соработка

May 16, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Трамп воодушевен од „многу силното минато“ на сирискиот претседател, поранешен член на Ал-Каеда, за чија глава САД распишаа награда од 10 милиони долари

May 16, 2025
Фото: Скриншот ТВ Телма

ССНМ: Сиљановска Давкова да се воздржи од изјави кои може негативно да влијаат на слободата на новинарите

May 16, 2025

За пожарот во модуларната болница во Тетово, двајцата директори осудени на ефективна затворска казна од година и шест месеци

May 16, 2025
Фотографија: МИА архива

Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри

May 16, 2025
Фото: Скриншот од лајв видео на ВВС

Украинските и руските претставници се сретнаа лице в лице во Истанбул, прв пат по три години

May 16, 2025

Пораки од Тирана: Санкции за притисок врз Кремљ, Путин несериозен во врска со мирот

May 16, 2025

Фон дер Лајен од Тирана: ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија, Путин избегнува мир

May 16, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери од Самитот во Тирана едногласно најавија санкции против Русија; Дијалогот меѓу Косово и Србија неизбежно ќе биде предмет на дискусија Самитот

May 16, 2025
Фото: ССНМ

Отворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство 2025

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Финансиската поддршка 14.500 денари по вработен е за задржување на вработените, но и на платите 

April 12, 2020 14:00
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција ја појасни детално мерката за финансиска поддршка од 14.500 ден по вработен, која како што рече, на фирмите кои се засегнати од корона-кризата ќе им биде ликвидносна инјекција и помош за исплата на плати.

– Мерката може да ја искористат компаниите за да ги задржат тековните плати на вработените кои одат на работа, за да ги подмират целосните или најголем дел од трошоците за исплата на плати на работниците кои поради кризата не се на работа, како и во комбинација на мерките за поддршка за исплата на минимална плата и мерката за субвенција на придонеси за поголема плата, рече Ангеловска, презентирајќи ги и деталите како да се аплицира за мерката.

Таа истакна дека има компании што се обидуваат да се справат со кризата, кои работат, но имаат 30-40-50 отсто пад на приходите и оттука, како што рече, целта со оваа поддршка е да можат да ги задржат работниците и покрај намалениот обем на работа и да можат да ги задржат платите или барем да ги задржат на пристојно ниво со оваа поддршка.

– Така тие ако исплаќаат на пример бруто плата од  30.000 денари, половина ќе може да покријат преку оваа мерка со поддршката која ќе ја искористат. Потоа има компании кои се со нула приход – еве такви се угостителите.. Кои ги земав за пример при појаснување. Тие поради виша сила ги пуштиле работниците дома со 50 отсто плата.. кај нив нето платата изнесува 18.000 до 20.000 ден. Во случај ако тие сега исплаќаат 9.000 ден или 10.000 денари на работниците, со оваа мерка тие ќе ја покријат целата бруто плата ако е нето 9.000 ден, или ако е нето 10.000 ден. ќе треба да покријат тие околу 1.000 денари дополнително. Но што е важно да имаме предвид – оваа мерка може да се комбинира со мерката за „субвенции на придонеси при покачени плати“ – која ја користат 26.000 компании за околу 140.000 вработени, рече Ангеловска.

Министерката посочи дека работниците преку оваа мерка добиваат извесност дека ќе го задржат работното место и по завршувањето на кризата.

– Да, можеби ќе добива надоместок понизок од вообичаениот, зависно во кој сектор работи, зависно од можностите на работодавачот, но од друга страна трошоците му се намалени, голем дел од работниците се дома – не одат на работа или одат со скратено работно време, дел кои имаат кредити нема да ги плаќаат овој период, а кога кризата ќе помине ќе може да се вратат на работното место и да продолжат да заработуваат, рече Ангеловска.

Министерката рече дека мерката е наменетa за секоја фирма која има намалување на приходите од најмалку 30 отсто во април и мај во однос месечниот просек од 2019 или во однос на месечниот просек од основање на компанијата – за регистрираните компании после март 2019 или во однос на сезонскиот просек од последните четири месеци спореден со сезонскиот просек од претходната година – за фирми од специфични сезонски дејности. Понатаму фирмите не требаат да исплаќаат дивиденди, бонуси, годишни награди, награди за деловна успешност за времетраење на мерката и просекот на највисоките нето-плати на 10 отсто од вработените да не надминува 120.000 денари по вработен.

Ангеловска истакна дека мерката може да се користи за сите работници освен за вработените со плата над 39.900 денари, за оние за кои се користи ослободување од плаќање придонеси од проектот „Македонија вработува“ и доколку работодавецот ја користи мерката од првиот сет на економски мерки за субвенционирање на 50 отсто од придонесите, која е алтернатива на оваа мерка.

– Тука ќе напоменам дека во јавноста имаше дилеми кои сакам да ги разјаснам, а исто така направивме и прилагодување на мерката за да има поголем опфат, односно, за мерката може да аплицираат фирми за работници за кои ја користат мерката за субвенција на придонеси за покачување на плата од 600 до 6.000 денари. Понатаму мерката може да ја користат и управители и сопственици на микро и мали претпријатија вработени во нив и дека мерката можат да ја користат без оглeд на искажаниот финансиски резултат за претходната година, рече Ангеловска.

Во однос на начинот за аплицирање Ангеловска рече дека истиот е едноставен и лесен и нема потреба од ангажирање на консултанти и обемни процедури.

– Прво, се пополнува барање за исполнетост на условите до 5-ти во месецот за претходниот месец преку системот е-даноци. Во рок од 3 дена УЈП ја потврдува комплетноста на барањето. Понатаму, следи пополнување на МПИН образецот во полето 3.23 се  внесува шифра 619 (ако се користи само оваа мерка) или шифра 621 (ако се користи во исто време и мерката за субвенционирање на придонесите за покачување на платите). До 13-ти во месецот работодавачот на својата трансакциска сметка добива исплата на финансиската поддршка. До 15-ти во месецот треба да се исплати платата за претходниот месец,  рече Ангеловска.

Ангеловска посочи дека работодавачот кој ја користи мерката треба да го задржи истиот број на вработени до јули 2020 (сметано во однос на месецот за кој добил финансиска поддршка), што е олабавување на условот со измена на уредбата од четири на два месеци. Во врска со искористените средства, работодавачот кој ја користи мерката, ако не оствари добивка за 2020, не ги враќа средствата земени преку мерката на државата. За останатите работодавачи враќањето е лимититирано до износ од 50 отсто од добивката пред оданочување зголемена за оданочивите расходи.

– Со ваквиот лимит, и извесноста на очекуваните финансиски резултати, за голем дел од компаниите ова ќе биде непроватна финансиска поддршка во целост или во одреден дел. Дополнително, во преговори сме со Светска банка за поддршка на оваа мерка односно финансисрање на половина од предвидениот износ за мерката со заем преку СБ. Ова би значело и техничка поддршка од СБ за реализација на мерката. При овие преговори разгледуваме и евенутална можност за олабавување на механизмот за враќање на средствата од страна на компаниите кои ќе остварат добивка по кризата, со воведување на одредени критериуми. Набргу ќе имаме конкретни резултати и ќе известиме и за ова, рече Ангеловска.

Таа посочи дека за сите информации за мерката стои на располагање кол-центарот на Владата, како и Министерството за финансии и УЈП. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ