Нина Ангеловска, една од основачите на „Групер.мк“, која е предложена за нов министер за финансии, синоќа по објавувањето на одлуката, се огласи на својот Фејсбук профил.
„По речиси 10 години домашно и интернационално искуство и значителна меѓународна препознаеност на мојата напорна работа и придонес, чест ми е што моето знаење, потенцијал и ентузијазам за промени, се препознаени да бидат ставени во функција на прогресот на нашата држава. А честа е уште поголема затоа што основaта е целосно непартиска. Понудата ја гледам како шанса, да бидам предводник на промени во земјата во која ја планирам и својата иднина“, напиша Ангеловска.
https://www.facebook.com/nina.angelovska/posts/10156510970920509
Таа нагласи дека е подготвена целото свое стекнато знаење, менаџерски способности и бизнис искуство, да ги вложи во прогресивни фискални политики со кои ќе се креира силна економија за граѓаните.