За време на новогодишната еуфорија и празниците во почетокот на првиот месец од годината поради слободните денови дел од граѓаните одлучуваат да прослават некаде надвор од својот дом.
Но за да не се претвори убавото новогодишно искуство во лош почеток на годината од МВР апелираат да се избегнува поставување фотографии на социјалните медиуми бидејќи тие се вистински извор на информации за крадците каде може слободно да оперираат.
-Апелот е доколку луѓето не слават дома, да не се постираат фотографии од местото на настанот кај што се, затоа што на тој начин преку социјалните мрежи им давате сигнал на оние кои имаат криминални намери, порача портпаролот на МВР Тони Ангеловски на Утрински Брифинг.