Вицепремиерот Кочо Анѓушев по две години од актуелното владеење, рече дека итен предизвик се реформите во образованието.
Тој истакна дека странските инвестиции се зголемени за 5 пати од што беа пред две години, но новите инвестиции барат и адекватна работна сила, а затоа и образовниот систем треба да се прилагоди на новите барања на пазарот на трудот.
„Еден од предизвиците е образованието. Значи ние мораме образовниот систем да го промениме бидејки тој може да стане и ограничувачки фактор за развојот на економијата, бидејки ако од една страна видите каква работна рака треба на пазарот на трудот а од друга страна видите со што се располага во тие 19 проценти статистичка невработеност, а јас би рекол 11 реална, ќе видиме дека тоа таму не кореспондира едно со друго. Тоа мора да го промениме, со Министерството за образование интензивно работиме и следната година мора да покажеме сериозен резултат“, изјави Анѓушев.
А. Зеќири












