• Latest
Фото: Wikimedia commons

Анкара се обидува да го пополни вакуумот на моќ во Сирија по соборувањето на Асад 

December 21, 2024
Одбележување на Денот на независноста на Украина во Скопје. Фото: Цивил Медиа

Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

August 24, 2025

Албанскиот блок 2025: Заштита на правата на Албанците – мобилизација околу симболични и институционални прашања

August 24, 2025

Локалната политика под лупа и големите изборни приказни

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Напад со дрон предизвика пожар во руската нуклеарна централа во Курскиот регион

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Гувернерот на Илиноис: Планот на Трамп да испрати војници во Чикаго е злоупотреба на моќта

August 24, 2025
Беџ од ДИК, пластифициран, без име, Локални избори 2021

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на NTV

Првата дама на Турција апелира до Меланија Трамп да се заложи за децата од Газа

August 24, 2025
Фото: ASTRA/Телеграм

Инциденти со дронови пријавени во Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025
Ден на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски на Плоштадот на независноста, Кијив, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео)

Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина низ светот (фото извор: Украински светски конгрес)

Украина и светот го одбележуваат 34-от Ден на независноста

August 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Анкара се обидува да го пополни вакуумот на моќ во Сирија по соборувањето на Асад 

December 21, 2024 10:52
in АНАЛИЗИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Wikimedia commons

Фото: Wikimedia commons

Share on FacebookShare on Twitter

Турција е водечка меѓу локалните, регионалните и глобалните сили кои се обидуваат да го пополнат вакуумот на моќ по соборувањето на сирискиот претседател Башар ал-Асад на 8 декември. Анкара е подготвена да биде еден од најголемите победници во Сирија по Асад.

Како што наведува ВоА, и покрај тоа што е во воен сојуз со САД во рамките на НАТО, главната цел на Турција во Сирија и е сојузникот на Соединетите Држави во земјата – Сириските демократски сили предводени од Курдите, или СДФ.

Со години, СДФ соработуваше со американските сили во борбата против Исламската држава на североистокот на Сирија, победувајќи ја ИД во нејзиното последно место, Багуз, во близина на границата со Сирија, во март 2019 година.

Околу 900 американски војници се распоредени заедно со силите предводени од Курдите за да ја спречат ИД повторно да воспостави географска основа, а Курдите ги надгледуваат затворите во кои се сместени илјадници борци на ИД и нивните семејства.

Сепак, Турција ги гледа Единиците за одбрана на народот, или ЈПГ, кои го сочинуваат најголемиот дел од борбените сили на СДФ, како продолжение на Курдистанската работничка партија или ПКК со седиште во Турција. ПКК е ангажирана во бунт во југоисточна Турција со децении, понекогаш прибегнува кон насилство во нејзината потрага по поголема автономија и права за етничките Курди. Турција, САД и Европската унија сите ја гледаат ПКК како терористичка организација.

СДФ не ги негира своите врски со ПКК, но рече дека нема да учествува во терористички напади на турска територија.

На 15 декември, турскиот министер за национална одбрана Јашар Ѓулер го нарече расклопувањето на курдските сили „примарно прашање на Анкара во Сирија“.

„Ова им го изразивме на нашите американски пријатели. Очекуваме тие да ја преоценат својата позиција [за поддршката за Курдите]“, рече Ѓулер.

Тој го повтори претходниот коментар на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој на 10 декември рече дека борбата против курдските сили во Сирија, „која ја загрозува безбедноста и вечноста на двете земји, ќе продолжи без никаква отстапка“.

Драган Мишев


Целиот текст прочитајте го тука:

Сириските Курди предупредуваат: Опасноста од обновување на ИД е двојно зголемена, закана број еден сега е Турција

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Турски напади врз Курдите во Сиријатурција
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ