ЦИВИЛ Медиа ги праша граѓан(к)ите на Кавдарци и Неготино – Дали нашата држава треба да влезе во ЕУ и дали се почитуваат европските вредности?
„Нашата држава ги исполнува условите и треба да стане дел од Европската унија. Животот тогаш сигурно ќе ни биде подобар, бидејќи сите ќе имаме работа, а не како сега, ти велат ‘бегај бе таму нема работа’, и каде да одиме ние сиромашните“, вели еден граѓанин на Неготино.
Еден граѓанин од Кавадарци вели дека најголема пречка на патот кон ЕУ ќе биде условувањето од соседна Бугарија, но очекува тоа да се надмине.
Друг кавадарчанец вели дека ЕУ не сака „арамии како нас“ и дека се додека не се расчисти со корупцијата и нема шанси да станеме дел од европското семејство.
„Треба да почне да се применуваат законите, бидејќи и ние имаме добри закони само не се применуваат во пракса. Европа бара од нас да расчистиме со мито и корупцијата и дури тогаш ќе може да бидеме дел од земјите членки на Унијата.
„Токму поради тоа што тука не се применуваат европските вредности и закони, ни бегаат младите во Европа, бидејќи таму го почитуваат нивниот труд и знаење“, додава тој.
Мелиса Муриќ
камера, монтажа и обработка на текст: Дехран Муратов